• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Мали тајни за здрави оброци

by РиД 13/03/2022 0 Comment
 Мали тајни за здрави оброци
фото: pexels

Зошто ладно цеденото маслиново масло не се користи за пржење, а совршено одговара за салата? Зошто морковот треба добро да се свари,а тестенините да се „ал денте“? Овие се само мали тајни за тоа како да подготвите здрави оброци.

1. Екстра девственото маслиново масло не е за готвење
Ова масло е богато со омега 6 масти, поради што многумина се решаваат да го користат во исхраната. Но од друга страна тоа е слабо процесирано и има ниска точка на горење – тоа е онаа температура при која маслото почнува да чади и ги губи квалитетните својства. Исто така на таа температура маслото го менува хемискиот состав и има повеќе слободни радикали, штетни молекули кои се непријатели на  нашите клетки. Затоа ова масло не е добро за термичка обработка на висока температура и подобро е да се користи во салати и маринади.

2. Морковот добро сварете го
Италијанските нутриционисти утврдиле дека во споредба со суровиот или непечен морков, варениот има повисоко ниво на антиоксиданси, кои телото ги користи за да произведе витамин А. Тој е важен за раст, репродукција, имунитет, здрава кожа, коса и очи. Исто така 100 г варени моркови содржат 28мг витамин Ц- што е незначително помалку од 31 мг, колку што содржи свежиот морков. Значи варењето не предизвикува губење на витамините, но го зголемува нивото на други корисни елементи.

3. Чајот варете го барем една минута
Чајот во себе содржи полифеол- антиоксиданс кој ги штити клетките на срцето. Тој се ослободува само кога чајот е провриен и отстоен 1-4 минути во врела вода. Британците кои во чајот редовно додаваат млеко, спровеле истражување дали тоа го намалува нивото на полифенол и не дошле до соодветно точни резултати. Некои тестови кажуваат дека го намалува, а други дека нема никакво влијание.

4. Тестенините се најздрави „ал денте“
Тестенитите имаат низок гликемички индекс, што значи дека подолго го задржува чувството на ситост. Но за да се случи тоа, таа мора да е варена  „ал денте“ – односно да не е преварена. Тогаш ензимите од системот за варење мораат подолго да дејствуваат за да го претворат скробот во шеќер па тој поспоро се ослободува во крвотокот. Поради тоа подолго време остануваме сити и полесно ја контролираме телесната тежина. Ако тестенините се преварени, гликемичкиот индекс расте, скробот побрзо се претвора во шеќер…односно има обратен процес. Затоа барем 2-3 минути пред препорачаното време за варење, пробајте колку е сварена тестенината и така избегнете преварување.

5. Маслото е добро за салата
За да може организмот да ги апсорбира важните антиоксиданси кои ги содржи салатата, потребни ни се маснотии, а тие го зајакнуваат срцето и го намалуваат ризикот од рак. Научниците од Универзитетот во Охајо откриле дека конзумирањето свежа салата зачинета со масло му помага на телото да го добие ликопенот од доматите, бета-каротенот од морковите и лутеинот и зеаксантинот од зелената салата. Што повеќе масло во преливот, повеќе антиоксиданси во телото.

5. Месото динстајте го и варете го
Месо на скара или жар обично се препорачува како начин за подготовка кој ги редуцира маснотиите. Но во едно истражување на Американскиот национален институт за канцер дојдено е до податоци дека преработките од месо на високи температури предизвикуваат создавање на штетни хемикалии (хетероциклични амини и полициклични ароматични јаглехидрати) кои се поврзани со предизвикување на канцер. Затоа препорачливо е месото да се готви на ниски температури и да не загори. Динстањето и варењето на месото секако е подобар избор, особено ако додадете многу зачини и тревки. Рузмаринот на пример во голема мера го оневозможува создавањето хетероциклични амини. Слично влијание имаат коријандерот, кимот и куркумата.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 833

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: готвење здрава храна маслиново масло масло тестенини
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved