Куќна среќа – преубава билка која привлекува богатство и здравје
Куќната среќа воодушевува со своите ситни листови кои во низи се спуштаат по саксијата. За неа според фенг шуи филозофијата, се верува дека привлекува среќа и богатство во домот, па затоа задолжително се препорачува да ја одгледѕвате. Оваа скромна убавица трпи сонце и сенка, а може да преживее периоди на суша и потоа набрзо да се опорави.
Билката е извонредно прилагодлива а е популарна во модерните вертикали градини. Можете да ја засадите во градината каде ќе прекрива камења и стари трупци и така да ги нагласите нејзините декоративни облици.
Негата на куќната среќа (soleirolia soleirolii на латински) е едноставна- залевајте ја внимателно, да не ги натопите листовите. Не треба да ја пресадувате, освен ако сакате да ја подарите на драга личност, најдобро е да одвоите дел од својата билка која добро напредува. Тоа најлесно се прави со лажица- зафатете еден дел од билката така што ќе го одвоите и коренот со земја, па полека спуштете го во саксија со подготвена растресита мешавина од хумус. Дополнете со земја и внимателно притиснете околу билката, па залејте и додајте уште малку земја ако треба.
Штом ќе пушти коренчиња, билката е подготвена за подарок!