И службено е потврдено: ќе има втора сезона од „И едноставно така“
Откако се крена прашина со првата сезона, не е чудно што култната и популарна серија „И едноставно така“ добива свое продолжение! Ejџ-Би-О објави дека е готова втората сезона од серијата „And Just Like That“ со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис во улогите на Кери Бредшо Престон, Миранда Хобс и Шарлот Јорк Голденблат. Трите пријателки ги продолжуваат своите авантури во педесеттите во втората сезона додека ги усогласуваат своите љубовни животи, пријателства и кариери.
Врвната и позната серија која многу ја подели јавноста, но сепак беше една од најгледаните на платформата HBO Max, сега најави големо снимање за новата втора сезона кое многумина едвај чекаат! Датумот на прикажување на серијата „И едноставно така“ сè уште не е познат, а веруваме дека навреме ќе биде објавен за да бидат подготвени сите пред малите екрани.
View this post on Instagram