Исхраната може да ви помогне ако имате полицистични јајници
Полицистичните јајници се синдром со кој се соочуваат многу жени и тоа во нивниот плоден период, што создава големи проблеми со зачнувањето.
Освен консултација со гинеколог и слушање на неговите препораки и совети, сами можете да си помогнете ако внимавате на исхраната.
Јадете редовно: три главни оброци и две ужини дневно. Ова ви овозможува да воспоставите константно ниво на шеќер во крвта, додека правилниот избор на храна го регулира метаболизмот. Изобилство од овошје и зеленчук, како и житарки богати со влакна и сложени јаглехидрати, кои ги има во црниот, ржаниот и интегралниот леб, овесната каша, варена пченица, интегрален ориз, грав, леќа, овесни снегулки и јачменови снегулки.
Јадете што повеќе храна богата со растителни влакна – како зеленчук, наут, грав, лен, киноа, овес, јачмен – бидејќи тие помагаат да се исфрли вишокот естроген од телото.
Јадете маслинки, маслиново масло, масло од семки од грозје, јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви ) и шест до осум јатки дневно, а потоа мелете ленено семе, сусам, испасирајте авокадо, круша, сл.
Консумирајте што е можно повеќе риба и месо од дивеч, а по можност изберете органско пилешко и мисиркино месо без кожа.
Дневно внесувајте 150 мг хром во вашето тело, бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта. Бидејќи вообичаената исхрана ни обезбедува околу 30 мг хром, треба да јадете храна богата со овој минерал (јачмен, пивски квасец, мешунки, житарки од цели зрна) .
Детоксикацирајте го црниот дроб (има најважна улога во отстранувањето на вишокот естроген), бидејќи ако е преоптоварен, помала е можноста за исфрлање на вишокот естроген.
Од исхрана исфрлете:
Слатката храна (особено белиот шеќер) бидејќи е одговорен за брзото наталожување на мастите.
Млеко и млечни производи, црвено месо, бело брашно и тесто од бело брашно, како и бел шеќер – не ги консумирајте барем три месеци.
Елиминирајте го алкохолот, кафето и никотинот.