• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Индустриски преработената храна е отров за организмот

by РиД 25/02/2022 0 Comment
 Индустриски преработената храна е отров за организмот
фото: pixabay

Кога еднаш ќе дознаете како индустриски преработената храна влијае на телото и умот, многу полесно ќе се откажете од неодоливиот мирис на чипс и помфрит или слатките грицки.

Првата причина поради која треба да ја избегнувате ваквата храна е што телото поинаку ја обработува свежата од рафинираната и преработена храна. Таа премногу го стимулира производството на допамин, невротрансмитер одговорен за чувството на задоволство, поради што постојано ќе имате потреба од лоша храна, што подоцна доведува до дебелина и пропратни здравствени проблеми.
Преработената храна содржи многу фосфати  кои се додаваат во храната за да ги подобрат вкусот и текстурата, а водено го продолжуваат рокот на траење. Но, тие предизвикуваат здравствени проблеми како што се забрзано стареење, оштетување на бубрезите и слабеење на коските.
Лицата кои се зависни од брза храна често тврдат дека свежите и здрави продукти се премногу скапи. Но, според многу истражувања и проценки, домашно приготвената храна од свежи продукти е многу поефтина од нездравите и обработени еквиваленти. Значи, храната полна со хемиски состојки е всушност поскапа, само вие се немате навикнато сами да готвите и не ви се познати цените на свежата храна.

1. Појава на хронични воспаленија

Рафинираниот шеќер, индустриски осиромашеното брашно, рафинираните растителни масла, како и многу други состојки од преработената храна се одговорни за воспалителни процеси. Покрај тоа од оваа храна се отстранети природните влакна, ензими, витамини и други хранливи материи, па таа лошо влијае на метаболизмот, односно со честа консумација се нарушува балансот на внатрешниот екосистем, се уништуваат корисните бактерии и се зголемува ризикот од инфекции.

Преработената храна не е добра ни за мозокот. Честата збунетост, лоша концентрација и проблеми со размислувањето можат да бидат поврзани со лошата исхрана. Неодамнешната студија на Универзитетот Оксфорд уште докажа дека преработената храна има врска со нервозата и лошото расположение. Од друга страна свежата храна го подобрува расположението и го држи нивото на потребна енергија што резултира со смиреност.

2. Високи нивоа на ГМО
Основните состојки на преработената храна се создаени во лабораторија, не во природата. Генетски модифицираните организми (ГМО) кои се поврзани со неплодност, оштетување на органите, гастроинтестинални пореметувања и канцер, се честа состојка во преработената храна. Честата конзумација на овие отрови доведува до дебелеење, киселост на организмот, а може и трајно да го поремети составот и функцијата на цревната флора.
Земјоделците за да одгледуваат ГМО мораат да користат глифосати и други пестициди и хербициди, од кои голема количина завршува во финалниот производ. Според податоците собрани во Институтот Родејл само житарките содржат остатоци од 70 различни видови пестициди, вклучително и хемикалии кои се користат при складирање.
Еден од начините на кои можете да ја процените хранливата вредност на храната е да видите како животните, бактериите и габите реагираат на нејзе. Вистинската природна храна за кратко време скапува и на нејзе растат габи (мувли),  додека преработената храна останува иста без разлика на староста. Преработената храна во суштина е синтетичка, а прехранбената индустрија која ја произведува, признава дека за да се добие “природен“ вкус потребни се многу измени.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 707

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: гмо природна храна храна
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved