Измамникот од Тиндер се јави и ја покажа новата девојка
Сајмон Левијев, чие вистинско име е Шимон Хајут, конечно прозборе во врска со документарецот „Измамникот од Тиндер“. Во првата изјава која ја даде, откако неговите измами беа откриени, тој порачува дека „целиот филм е измислен“.
Во ексклузивно интервју за „Инсајд Едишн“ кое ќе се емитува во два дела, на 21 и 22 февруари, тој ги негира сите обвинувања на негова сметка. Во исечокот кој го објави „Инсајд Едишн“, Шимон вели:
– Бев само самец кој сакаше да запознае девојка на Тиндер. Не сум измамник.
Во вториот видео клип објавен од „Интертејмент викли“ се гледа Шимон кој дава изјава, додека покрај него седи неговата нова девојка, манекенка.
– Јас сум најголем џентлмен на светот, а тие си дозволуваат да ме нарекуваат „Измамникот од Тиндер“ . Не сум измамник, ниту лажен, луѓето не ме познаваат, а ми судат“.
Инаку Шимон веќе најде начин како да профитира од својата „слава“, па на апликацијата Камео наплаќа персонализирани видео снимки кои ги снима за обожавателите, а цените се движат о д 146-1460 фунти.