Изградете здрава врска со вашиот тинејџер
Tинејџерските години се период на многу физички, ментални, емоционални и социјални промени. Хормоните се менуваат со започнувањето на пубертетот што придонесува за многу телесни промени кај момчињата и девојчињата. Но, ова исто така е период кога вашиот тинејџер може да се соочи со притисок од врсниците да користи алкохол, цигари и дрога и да има секс. Други предизвици може да бидат нарушувања во исхраната, депресија и семејни проблеми. На оваа возраст, тинејџерите прават повеќе сопствени избори за пријателите, спортот, учењето и училиштето. Тие стануваат понезависни, со сопствена личност и интереси, иако родителите сè уште се многу важни.
Емоционални и социјални промени
Во тинејџерската возраст младите почнуваат да покажуваат поголема грижа за своето тело, изгледот и облеката. Исто така тие покажуваат поголем интерес за врсниците и нивното мислење, додека кон родителите можат да почнат да покажуваат помала наклонетост, дури и да реагираат непристојно. Често се случува да развијат проблеми со исхраната, да чувствуваат тага или да се развие депресија, која носи слаби оценки на училиште, посегнување по алкохол или дрога, небезбеден секс и друго.
Позитивни совети за успешно родителство
Во овој чувстивтелен период треба да сфатите дека вашето дете расте и треба да го смените пристапот кон него. Следниве совети може да ви помогнат како родител да му помогнете на вашето дете и да развиете здрава врска:
-Бидете искрени и директни со вашиот тинејџер кога зборувате за чувствителни теми како што се дрога, пиење, пушење и секс.
-Запознајте ги неговите пријатели.
-Покажете интерес за неговиот училишен живот.
-Помогнете му да направи здрави избори, истовремено охрабрувајќи го да донесува сопствени одлуки.
-Почитувајте го неговото мислење и земете ги предвид неговите мисли и чувства. Важно е да знае дека го слушате.
-Охрабрете го вашиот тинејџер да биде физички активен. Тој може да се приклучи на тимски спорт или да се занимава со индивидуален спорт.
-Заедничките оброци се многу важни за семејството. Тие им помагаат на тинејџерите да направат добар избор на храната што ја јадат, а воедно овозможуваат членовите на семејството да поразговараат меѓусебно.
– Не ставајте телевизор во собата на вашиот тинејџер. Ограничете го времето поминато пред екранот, вклучувајќи мобилни телефони, компјутери, видео игри и други уреди.
-Погрижете се вашето дете да ја добива препорачаната количина на здрав сон секоја вечер: за тинејџери 13-18 години, 8-10 часа на дневно (вклучувајќи и дневни дремки).