Зошто тетките, вујковците и чичковците им се омилени на децата?
Во животот на секое дете постои еден возрасен, покрај мама и тато, кого го сака, му се восхитува и сака да се дружи со него. Овие возрасни најчесто се членови на семејството, односно тоа се тетки, вујковци или чичковци.
Се разбира, таму се и бабите и дедовците, но тетките, вујковците или чичковците се посебен вид на кул возрасни. Тоа е најчесто затоа што секогаш кога ќе се видат си играат или одат на сладолед, а можеби имаат некој свој ритуал.
Затоа врската помеѓу вашето малечко и неговите тетки, вујковци или чичковци, е посебна, а вие како родител можете да помогнете во нејзино негување.
А еве 8 причини зошто тетките, вујковците или чичковците се омилени:
- Тие се кул возрасни
Сетете се кога бевте дете, па мајка ви и тато ви биле како непријатели во некои ситуации. Најчесто имаше некоја тетка која знаеше да утеши, да ви ја подари омилената бонбона, да ве однесе во кино или само да го гледа омилениот цртан чоколадо со вас.
- Имаат поинакво мислење
Секогаш треба да се слушаат родителите, но понекогаш е добро да се слушнат и други мислења за истото.
- Тие се како „други“ родители
Без разлика дали станува збор за прошетка со количка додека мама се тушира или оди во парк, тетките и вујковците се најблиските роднини на нивните родители и веројатно имаат најголема доверба во нив.
- Тие се мудри!
Тетките и вујковците се како мудреци. Секогаш имаат некоја забавна анегдота која ќе ја олесни ситуацијата, некоја шега за да ве расположи, мудри совети со кои со задоволство ќе ви помогнат.
- Служат како тампон зони!
Не сме сигурни дали тоа е навистина научно докажано, но ни се чини дека е. Тетките, вујковците и чичковците, ги намалуваат тензиите секогаш кога е потребно.
- Сакаат да ги разгалуваат децата!
И да, понекогаш се граничи со разгалување, но во ред е да имате возрасен човек кој со задоволство ќе го задоволи секој каприц на вашето дете. Децата секогаш знаат што да побараат од кого и најчесто кога да престанат.
- „Знаат“ да читаат мисли
Децата и родителите поминуваат многу време заедно, па понекогаш стануваат нечувствителни на некои вообичаени ситуации. Тетките,вујковците или чичковците многу добро ќе ги разберат овие ситуации. И секогаш помагаат!
- Уживаат да бидат со децата, искрено!
Најчесто, тие одвај чекаат да одат на посебен излет со внуците или да им купат чоколадо.