• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Зошто доењето е добро за вас и вашето бебе?

by РиД 22/04/2023 0 Comment
 Зошто доењето е добро за вас и вашето бебе?
фото: pexels

Секако дека доењето е добро и за мајката и за бебето, но изборот дали ќе дои или не, е личен на секоја жена. Важно е сите мајки да сфатат дека искуството со доењето е единствено, односно нема две исти мајки и две исти бебиња.

Според научните докази освен што доењето создава една посебна врска меѓу мајката и бебето, тоа сè уште е најдобриот начин за оптимално хранење и обезбедување долгорочни здравствени придобивки за вашето бебе. Уште една предност е што помага да си ја вратите телесната тежина, тоа е и еколошко.

Во првите неколку дена по раѓањето, вашето тело ја произведува првата храна за бебето, колострумот, кој се произведува во мали количини, но има висока хранлива вредност. Колострумот и зрелото мајчино млеко содржат антитела, добри бактерии и други состојки кои помагаат да се намали ризикот од инфекции кај бебето. Интересно е тоа што мајчиното млеко се прилагодува на променливите потреби на бебето, односно на неговиот напредок и потреби за доење кои со растењето се намалуваат. Забележано е дека лактозата е поприсутна во првичното млеко, а повеќе хранливи материи богати со добри масти има во подоцнежното млеко.

фото: pexels

Новороденчето во првите недели од животот често се храни и многу спие, поради што може да пие и лесно да вари само мали количини млеко. Честото доење помага да се воспостави вашиот режим на подои, да се задоволат нутритивните потреби на вашето бебе, истовремено обезбедувајќи посебен начин на поврзување и приврзаност.

Во овој период важно е да водите грижа за вашите гради. Ако забележите дека се црвени, многу зголемени и чувствувате болка, побарајте помош од стручно лице, затоа што е можно да развивате маститис.

Кога го доите бебето треба да бидете во опуштена состојба и да ви е пријатно. Ако имате големи гради, под нив ставете свиткан пешкир за да ги држи во положба која на бебето ќе му е пријатна за цицање. Доколку ви е попријатно можете и да легнете, па да го доите бебето. Најважно е двајцата да уживате во тоа, затоа секогаш изберете мирна атмосфера, во посебна соба.

Подоцна кога ќе потпорасне бебето, ако решите да преминете на вештачко млеко, најдобро е да изберете во кој оброк ќе му го давате вештачкото млеко на бебето. Тоа може да биде првото хранење наутро или пак оброк навечер, кога бебето е поспано и полесно ќе биде да му го замените мајчиното млеко со вештачко. Она што е најважно во ова ситуација е дека за бебетое повкусно кога млекото е малку потопло од собната температура, но не премногу топло, бидејќи тоа ќе го забрза протокот на млеко низ цуцлата и ќе го тера бебето побрзо да голта, што ќе го направи нервозно.

Вашиот партнер или некој друг член на семејството може да биде поуспешен во првичното воведувањето на пиењето млеко од шише и постепено започнување на процесот на одвикнување од цицање. Особено преку ноќ.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 419

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: вештачко млеко доење новороденче хранење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved