• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Зошто бакнувањето е толку важно за врската, посебно за бракот

by РиД 19/02/2022 0 Comment
 Зошто бакнувањето е толку важно за врската, посебно за бракот
фото:pixbay

Психологијата за бакнувањето вели дека бакнежот е орален контакт со друго човечко битие, кој е многу приватен и интимен. Но, дали знаете дека бакнувањето е многу поважно за брачната заедница, отколку што се претпоставува. Најголема причина за тоа е што на бакнувањето му претходат интимности. Според една студија на многу мажи им е поважно со кого се бакнуваат отколку со кого спијат на љубовен состанок.

Бакнежите со саканата личност имаат бројни благодети и можат да влијаат на личноста физички, емоционално и духовно. Некои брачни советници на своите клиенти со брачни проблеми им велат дека треба да се бакнуваат секој ден, ако таа навика со текот на годините ја изгубиле. При бакнување телото доживува надразби и излачува големи количини окситоцин, хормон кој ви помага уште повеќе да се поврзете со партнерот.
Повеќето брачни двојки се бакнуваат наутро заминувајќи од дома, но со тек на време тоа станува навика. Исто како кога на излегување го земате мобилниот телефон или пиете филџан кафе.

фото:pixbay
  1. Физички придобивки од бакнувањето
    – луѓето кои се бакнуваат секој ден живеат до пет години подолго од оние кои не се бакнуваат
    – приливот на крв кој се случува при бакнувањето може да помогне во лекување на флеки на лицето и дерматитис
    – приливот на хемикалии до кој доаѓа поради физички контакт предизвикува зголемување на пулсот за повеќе од 100 отчукувања во минута, што е подеднакво добро како телесни вежби
    – за да некого го бакнете страсно, треба да активирате дури 29 мускули на лицето, што може да помогне во намалување на брчките
    – усните се многу почувствителни од врвовите на прстите и кога некого го бакнувате, ги стимулирате сите важни нерви во телото
    – размената на течности при бакнежот е поздраво отколку што мислите- може да помогне во изградба на силен имунолошки состав за борба против болести и одржување на здравјето.
  2. Емоционални придобивки од бакнувањето
    Кога усните ќе се спојат, мозокот почнува да лачи коктел од хемикалии кои предизвикуваат чувство на пријатност и задоволство. Налетот на хормони во телото стимулира невротрансмитери како серотонин, окситоцин и допамин.
    Возбудувањето кое го чувствувате доаѓа од центарот за уживање сместен длабоко во мозокот, а кој во тие моменти е во „петта брзина“. Кога го стимулирате тоа подрачје од мозокот, тоа е како  да земате дрога и телото почнува да копнее за тоа чувство. Следен пат кога ќе се бакнете и посакате уште, тоа е затоа што вашиот мозок ги „повикува“ деловите одговорни за задоволство и уживање.
  3. Духовни придобивки од бакнувањето
    Бакнежот го доведува мозокот во состојба во која партнерите можат да се синхронизираат еден со друг, што значи дека врската станува многу длабока. Не само дека вашиот и мозокот на вашиот партнер се поврзуваат, туку и вашето срце и емоции се вклучуват во таа стимулација.
    Постојат разни начини на бакнување, но длабокиот и страствен бакнеж е посебно интимен и спритуален. За меѓусебна поврзаност меѓу партнерите ќе направи многу повеќе од обичен бакнеж во образ, бидејќи ги поврзува на повисоко ниво.

Некои брачни советници на своите советници со проблеми во бракот им велат дека треба да се бакнуваат секој ден. Во теорија тоа е лесно, бидејќи кога ќе станете многу интимни еден со друг, на тој начин ја обновувате поврзаноста која некогаш постоела. Иако можеби на почетокот ќе морате да се „присилите“ на секојдневно бакнување, тоа ќе ве зближи и поврзе и на духовно ниво.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 577

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бакнеж брак интимност љубов
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved