За и против еднократните пелени
Пелените за еднократна употреба докажано се неверојано олеснување за родителите. На пазарите има голем избор на вакви пелени кои се удобни, апсорбирачки, шарени, меки, водоопотрни. За сите секој производител тврди дека се нај, нај, најдобрите!
Но, сепак постојат позитивни и негативни страни од нивна употреба, а најважно од сè е дали треба долготрајно да се користат.
ЗА
Ги има во различни големини, текстури и со разни начини на облекување (како гаќички, со лепенки и т.н.). Тие ќе му овозможат комфор на вашето бебе, а и на вас. Покрај тоа овие пелени помагаат детето да „созрее“ до моментот кога ќе почне само да ги контролира физиолошките потреби.
Неколкумесечните бебиња мократ на секои 5-10 миннути, па ако се откажете од еднократните пелени треба постојано да сте на штрек дали детето е измокрено.
Овие пелени имаат апсорбирачка способност и детето се чувствува комфорно додека спие или игра. Според истражувањата, често родителите на поголемите деца (4-5 години) не се откажуваат од пелените, наводно поради избегнување стрес кај детето да се натера пред да созрее самото да ги контролира физиолошките потреби.
ПРОТИВ
Родителите одвај чекаат детето да почне да седнува на нокширче, но тоа се чувствува комфорно со пелената и поради тоа не се ни труди да го направи тоа. За да си олесни мајката треба да биде иницијатор за ова и да почне да ги следи своите и инстиктите на бебето.
Според некои истражувања уште од 3 месеци може да почне мајката да ги забележува знаците кои бебето ги дава дека ќе изврши физиолошка потреба. Затоа родителите треба да ги научат како да ги препознаваат знаците.
Така ќе забележат дека децата имаат одреден ритам при тие активности, односно исто како при хранење и спиење, тоа се случува на точно определени интервали.
Но, кога користи пелени, вие не можете да знаете кога точно му се мочка или кака. Со тек на време можете да почнете да воспоставувате условен знак за одење во тоалет. На пример измислете песничка, игра и повторувајте ја заедно. Ќе се зачудите колку лесно бебето ќе се вклопи во играта и ќе ги научи правилата. Така можете да успеете уште пред да наполни година вашето дете да се осамостои за одењето во тоалет.