Животни лекции од филмовите на „Дизни“
Филмовите на Дизни се преполни со мудрости за децата, но и родителите. Еве неколку од нив
Лекција 1: Соочете се со вашите стравови
Во „Барајќи го Немо“, Мерлин никогаш не се откажува да го најде својот син Немо – дури и кога тоа значи да се соочи со стравови, неуспеси и да премине цел океан. Животот е полн со борби, но вие ја имате вашата внатрешна сила да продолжите – и само продолжете да пливате.
Лекција 2: Вашиот глас е вашата најмоќна алатка
Во „Малата сирена“, Ариел го жртвуваше својот прекрасен глас, откако злобната Урсула ја уцени за да ѝ даде нозе, што ѝ овозможи да живее нов живот над морето, а со цел да се вклопи во животот на саканиот. Но, без нејзиниот глас, принцот Ерик не можеше да ја види внатрешната убавина на Ариел, вклучително и нејзиниот отворен ум, нејзината лојалност како пријателка и гласот за пеење кој го разбуди од бесвесната состојба после бродоломот. Никогаш не ја потценувајте моќта на сопствениот глас – и никогаш не го задушувајте за да се вклопите.
Лекција 3: Прифатете ги своите чувства без разлика дали се добри, лоши или страшни
Во „Одвнатре и однадвор“ во Рајли се мешаат сите емоции – радост, тага, страв, гнев и одвратност, а таа не може да го разбере сето тоа. Така, Џој (радоста) се обидува да ги преземе работите и да ја спречи Сороу (тагата) да доминира над чувствата на Рајли. Но сепак, признавањето и прифаќањето на сите емоции е дел од растењето и разбирањето себеси како личност.
Лекција 4: Прегрнете се себеси — дури и кога другите не го прават тоа
Кога станува збор за „Убавицата и ѕверот“, најочигледната лекција е „убавината е во окото на гледачот“ што е многу важна животна лекција. Секап многу повеќе може да се научи од Бел. Нејзинте сограѓани мислат дека таа е чудна, не разбираат зошто Бел секогаш чита книги, се потсмеваат на пронајдоците и ексцентричностите на нејзиниот татко. Бел останува доследна на себе и се залага за својот татко. Доследноста и заштитата е лекција што важи и за малите и за тинејџерите – ако ве задеваат или некој не ве разбира вас или вашето семејство.
Лекција 5: Излезете од вашата комфорна зона
На почетокот во „Заплеткана“, кутрата Рапунзел била убедена од мајка ѝ Готел да не ја напушта кулата во која пораснала и никогаш да не излезе надвор. Таа верува дека е подобро да остане ограничена во малиот свет што мајка ѝ Готел го создала за неа. За среќа, Рапунзел ќе одлучи дека е време да ја „пушти косата“ и ќе сфати дека останувајќи во „удобноста“ на ѕидовите на кулата, никогаш нема да доживее ништо ново или различно со нови почетоци и искуства.
Лекција 6: Не пропуштајте ги малите работи
Слушајќи ги Тимон и Пумба од „Кралот лав“ како ги споделуваат наједноставните фрази со Симба – „Хакуна Матата“, што значи „не грижи се, биди среќен“ на свахили- можат да бидат потсетник да бидеме среќни и благодарни за сè што не очекува.