Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем
„Нежни, женствени и цветни“ тоа е начинот на кој познатата светска модна дизајнерка Вера Вонг ги опишува романтичните мириси. Сепак немојте веднаш да помислите на роза и момина солза. „Кога велам романтично, не мислам на „тинејџерско“ туку на „префинето“ објаснува Вера која има лансирано неколку парфеми и која ја истакнува улогата на мирисите во секоја голема љубовна приказна.
Мешајте. Иако розата и понатаму важи за класика меѓу романтичните мириси, помешана со зелени и бели ноти дава совршено свежа и префинета мешавина. Употребата на исклучиво цветни мирисни ноти во парфемот би го направила старомоден и тежок. Затоа побарајте мириси кои содржат ноти на трева, темјанушка или овошниот ликер „cassis“.
Запознајте ја публиката. При изборот на парфем размислете за тоа како тој ќе делува на вас, но и на вашиот сакан. Ако партнерот сака слатки, бирајте ги оние кои содржат чокладна нота, ако е динамичен спортски тип бирајте свежи мириси, кои содржат ноти на краставица, цитрус или водени елементи.
Бидете дискретни. Вонг предурпедува на негативните ефекти од „бањањето“ во парфем. Тоа е исто како да сте облекле фустан кој остава малку место за фантазијата на набљудувачот. Американската дизајнерка советува да прснете парфем во воздухот и потоа само да поминете низ мирисниот облак. За навечер нанесете малку парфем во близина на вратот и по должината на рамената.
Создадете долготрајната врска. Врската меѓу љубовта и мирисот е многу повеќе од мирисна бајка. „На првиот состанок со идниот оспруг имав шанелов парфем. Тој мирис и денес ни ги враќа спомените на возбудувањето и убавите нешта кои ја одбележаа таа вечер„ појаснува Вонг. Интимните моменти засекогаш ќе останат обележени со мирисот кој тогаш сте го имале на себе. Затоа мудро бирајте и никогаш не го позајмувајте мирисот од својата мајка, сестра или другарка!