Еден едноставен сигнал ќе ви открие дали партнерот е заљубен во вас
Иако звучи како најтешката задача на светот, всушност, лесно можете да дали партнерот се вљубил во вас. Во тоа може да ви помогне еден едноставен сигнал, кој е повеќе од очигледен.
Заљубеноста на секој маж е секогаш забележителна во неговите очи. Има многу работи кои ќе се откријат во начинот и времетраењето на директното гледање во вашите очи.
Ако погледот трае помалку од 5 секунди, тоа значи дека нема значителна потреба за интимност или емоционална приврзаност.
Ако погледот трае подолго од 8 секунди, тој сигурно е заљубен во вас.
– Фронталниот дел од мозокот прави анализа на сè околу него, донесува заклучоци, проучува, долго гледа. Ако не го интересира сериозна врска, тогаш тоа ќе биде проценувачки поглед – тврди познатиот психолог Калина Готикова.
Ако мажот ве гледа долго во очи, тоа значи дека сака подолга приказна со вас.
Таа исто така тврди дека ако мажот не ве критикува, тој е заљубен во вас. Објаснувањето е едноставно затоа што кога човек е заљубен, тој ја исклучува функцијата на мозокот задолжена да ги оценува луѓето. Вие едноставно сте секогаш совршени и убави за него.
Друга потреба на заљубениот маж е да ви ја фати раката или да ја допре. Луѓето стануваат поемотивни и имаат желба за каков било контакт со личноста во која се заљубени.
Во секој случај, најсигурниот знак дека некој е заљубен во вас е вашата интуиција, затоа верувајте ѝ.