Еве кој кујнски прибор кога треба да го замените
Приборот за готвење кој секојдневно го користите всушност има рок на траење и постојат навистина добри причини зошто треба да го менувате во одреден временски период.
Дрвени мешалки – иако се направени од дрво и мислите дека вечно траа, дрвените мешалки треба да ги менувате на секои пет години или штом се појават пукнатини, сменат боја или дрвото омекне на некои делови. Храната која ќе се пикне во пукнатините, може да биде извор на ешерихија коли и затоа бидете внимателни.
Силиконски шпатули – кога станува збор за овие алатки ако не се оштетени треба да ги замените на секои две години. Ако се изгребани, искинати, стопени или многу извалкани, менувајте ги веднаш без разлика колку време ги користите.
Ножеви за чистење зеленчук – по правило на секои две години треба да купите нови, но ако ножот зарѓал и веќе не може да се наостри, заменете ги веднаш. Векот на траење на ножевите ќе им го продолжите ако редовно ги острите, еднаш неделно.
Тефлонски тави – ако ги чувате, менувајте ги на секои 2-3 години, во спротивно, штом се појават првите гребаници или штом почне да се лепи јадењето за тавата, време е да купите нова тава. Тавите подолго време ќе останат употребливи ако на нив не ставате други садови или заштитете ги со хартиена салфета.
Пластични даски за сечење – прво и основно во кујната мора да имате одделни даски- една за зеленчук, и една за месо, за да не дојде до вкрстена контаминација. Второ, треба да знаете дека пластичните даски мора да ги менувате на секои три години, или штом се појават длабоки резови од нож во кои можат да се развијат бактерии. Даските исто така секој ден треба да ги дезинфицирате со оцет и сода бикарбона.
Блендер – не грижете се, блендерот не треба да го менувате по правило, но ако ви паднал, ако сте го натопиле во вода куќиштето со моторот, време е да купите нов. Важно е блендерот да го одржувате, редовно да го миете и чистите, за да ви трае што подолго.