Домашна капама
Состојки:
– 1 средна главица кисела зелка, 700 г свинско месо, 3 пилешки копани, 2 свежи колбаси, 400 г мелено месо, 100 г ориз, 50 мл масло, 300 мл вино, 200 мл расол, црвен пипер, сол и црн пипер
Приготвување:
Од меленото месо, оризот зелката, црвениот пипер, направете сарми. На дното од огноотпорен сад ставете масло, два големи листови зелка, па над неа свинското месо сечено на парчиња. Преку нив сечкана кисела зелка, па сарми, пилешки копани и колбаси исечени на парчиња и најгоре листови зелка. Зачинете со масло, вода и расолница, покријте со фолија и капак и печете еден час на 220 степени, а потоа намалете на 120 степени и печете уште два часа.