Добрата пудра може сè
Убавиот изглед на шминката најмногу зависи од пудрата, односно ако ја изберете вистинскатa нијанса и научите неколку мали трикови за шминкање, ќе добиете совршен изглед.
Добрата пудра треба да прилега на нијансата на вашата кожа, да го одржува нивото на нејзината влажност и да ѝ даде на кожата природен, свеж и мат излед. Лошата пудра ги затвора порите, ја суши кожата, остава мрсни дамки по челото, носот и брадата. За да знаете да ги разликувате прво треба да го прочитате составот, а потоа да научите дека она што е добро за една жена може да не и одговара на друга. Секако изборот секогаш е индивидуален, како и за било која друга крема или шминка, но за да можете да добиете совршен ефект на шминката на крај, мора добро да го подготвите лицето.
Наутро по миење на лицето поминете го со вата натопена во тоник, за да ги отстраните остатоците од шминка и дрги нечистотии. Потоа нанесете тенок слој дневна крема. Водете сметка дека за сува кожа потребна е хидрантна дневна крема, а за мрсна кожа не само матирачка, туку и крема која го контролира лачењето на маснотии. Со врвовите од прстите измасирајте го лицето со кружни движења додека ја нанесувате кремата. Тоа ќе ја поттикне циркулацијата, па лицето ќе изгледа посвежо. Почекајте уште 10-15 минути, додека се впие кремата.
По нанесување на кремата можете ако сакате да употребите подлога за шминка, производ кој е сè повеќе популарен. Тој ја измазнува кожата, ги пополнува ситните брчки, го воедначува тенот, ги крие ситните недостатоци, штити од УВ зраци и не ги запушува порите и дозволува кожата нормално да дише. Зависно од потребите подлогата може да му даде на лицето блескав изглед или да ги продолжи матирачките својства на пудрата. Воедно подлогата помага полесно да ја нанесете пудрата и истата да се задржи подолго на лицето.
Кој подтип на тен сте?
Пудрите се произведуваат во различни подтонови, ладни топли или неутрални. Ладните се розевкасти, топлите жолтеникави, а неутралните беж боја. Пред да ја одредите нијансата на пудра која ќе одговара на вашиот тен, треба да ја одредите неговата точната боја, односно подтон. Тоа можете да го сторите на неколку начини
– вените на внатрешната страна од подлактицата на дневно светло ако се зеленкасти, важата кожа има жолт подтон, што значи дека нијансата на вашиот тен е топла. Ако вените се сини, тогаш вашиот подтон е син, а нијансата на тенот ви е ладна.
– тргнете ја косата од лицето додека сте без шминка и приближете бел пешкир до вратот и рамената. Ако во споредба со белата ткаенина лицето ви изгледа жолто, дефинитивно имате топол тен. Додека ако ви изгледа розево или синкасто, значи дека тенот ви е ладен.
– накит – ако со кожата ви прилега накит во златна боја, имате топол тен, а ако повеќе ви се допаѓа како ви стои сребро, најверојатно тенот ви е ладен.
– според бојата на очите и кожата, иако не е правило, луѓето со ладен тон имаат сини, зелени или сивкасти очи, со руса, црна или кафеава коса со пепелави или ладни тонови. Додека оние кои имаат кафени, црни илис ветло кафени очи со костенлива или руса коса со црвенкасти тонови, најчесто се топол тип.
– ако вашиот тен не спаѓа во ниедна од овие групи топло/ладно, ако подеднакво ви стојат сребро и злато, тогаш сте една од среќните жени кои имаат неутрална боја на тен.
Избор на нијанси
Секако дека една од најважните работи е вистинскиот избор на нијансата на пудра која ќе одговара на вашата кожа, односно ќе биде најслична на нијансата на вашиот тен. Кога бирате нијанса на пудра тоа правете го на дневна светлина. Пудрата може да биде за една нијанса потемна од вашата кожа, но најдобро е да е потполно иста. Во никој случај не е препорачливо да изберете посветла нијанса. Ако сте уморни и бледи, ефектот на исончаност и свежина ќе го постигнете со бронзер. Никако не го потемнувајте тенот со многу темна пудра, тоа изгледа неприродно. Испробајте неколку нијанси пудра која одговара на вашиот подтон, а тоа можете ад го сторите така што многу мала количина пудра ќе нанесете по линијата на брадата, добро ќе натапкате да се впие во кожата. Онаа нијанса која најдобро ќе се спои со бојата на вашиот тен, така што нема да се разликува од бојата на остатокот одл ицето и не отстапува од бојата на вратот, е совршена за вас. Битно е при изборот на пудра да имате доволно време, да го пробате на дневна светлина и внимателно.
Не пробувајте пудрата на надлактицата или каде било на телото, бидејќи кожата се разликува од онаа на лицето.