Децата кои јадат повеќе моркови, побрзо растат
Децата кои јадат повеќе портокалови зеленчуци почнуваат да растат двојно побрзо од нивните врсници. До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот во Ерусалим. Податоците од нивното покажуваат дека децата кои јадат многу портокалови зеленчуци богати со витамин А, како што се морковите, почнуваат да растат поинтензивно од нивните врсници.
Во истражувањето учествувале околу 300 деца на возраст од 3 до 16 години. Се покажало дека во просек за една година децата кои јаделе повеќе зеленчук богат со витамин А со урамнотежена исхрана пораснале за 8 сантиметри. Нивните врсници од контролната група за истиот период станале повисоки за само 4 сантиметри.
Д-р Тали Синаи од Хебрејскиот универзитет, каде е спроведена студијата, објаснува дека повеќето мали деца се целосно здрави, но страдаат од скриен недостаток на витамини и разни микронутриенти.
– Познато е дека недостатокот на витамин А, железо и цинк доведува до забавување на растот. Се обидовме да им понудиме на децата урамнотежена исхрана, нагласувајќи ги овие елементи – вели д-р Тали Синаи.