Деликатните ткаенини секогаш перете ги рачно
Понекогаш најдоброто што можете да го направите наместо машински, алиштата да ги исперете рачно. Иако овој начин на перење најчесто е резервиран за нежна облека како градници и долен веш, често е добар и за други видови облека, особено ако немате доволно за да наполните машина за перење.
За да заштедите време, слободно перете заедно алишта во иста боја и тип на ткаенина. Прочитајте ја етикетата за нега за да го одредите типот на ткаенината: свила, волна и т.н. Следно, одберете го најдобриот детергент за перење. Секој стандарден течен или детергент во прав треба да е добар за повеќето артикли, но бидете внимателни со деликатните ткаенини, за кои најдобар е некој нежен детергент.
Ако има дамки на облеката нежно, со врвовите од прстите, втријте ја течноста за нивно отстранување. Потоа наполнете го мијалникот со вода – млака или топла, во зависност од тоа што пишува на етикетите за нега на вашата облека. Волната, свилата и светлите бои најдобро се перат во ладна вода. Растворете го целосно детергентот во водата, а потоа ставете ја облеката во водата и нежно притиснете ја за целосно да ја потопите.
Исплакнете темелно и повторете по потреба, па на крај отстранете го вишокот вода. Стискањето на нежните ткаенини, за да го исцедите вишокот вода, може да предизвика оштетување. Затоа внимателно подигнете ја облеката со двете раце и нежно исцедете што е можно повеќе вода. Потоа,поставете ја облеката на памучна крпа и оставете да се впие водата.
За да спречите деликатната облека да се истегне и да ја изгуби формата, поставете ја да се исуши на рамно. Откако предниот дел ќе се исуши, превртете ја облеката, да се исуши и од задната страна.