Двојазичностa го зголемува интелектуалниот потенцијал на децата
Познавањето два јазика наместо еден има практични придобивки, особено во сè поглобализираниот свет. Сепак, научниците наоѓаат сè повеќе докази дека двојазичноста го зголемува интелектуалниот потенцијал на детето!
Според статистичките податоци, дури 66 отсто од децата во светот се одгледуваат така да зборуваат два јазика. Сепак, тоа што детето е родено во мешано јазично семејство не мора да биде единствената причина за двојазичност. Охрабрете ги вашите деца да учат странски јазици, бидејќи тоа ќе им донесе трајни придобивки во животот.
Поразвиен мозок
Обработката на звуци и зборови на различни јазици не е лесна задача, но има позитивен ефект врз развојот на мозокот. Забележано е дека сивата маса на мозокот е погуста кај децата кои учат друг јазик пред да наполнат пет години отколку кај нивните врсници кои користат еден јазик. Инаку, сивата маса е дел од мозокот кој ги контролира јазичните и комуникациските способности, а неговата поголема густина е поврзана со повисок степен на интелигенција.
Повисок степен на концентрација и самоконтрола
Критичарите на двојазичното образование тврдат дека тоа ги збунува младите мозоци, но науката покажува дека оваа практика, која бара префрлање од еден јазик на друг, всушност ја подобрува способноста на децата да се фокусираат на индивидуална задача – и подобро да се контролираат себеси.
Побрзо совладување на вештините за читање
Изложеноста на звуците и мелодиите на два различни јазици го забрзува совладувањето на вештините за читање. Инаку, манипулацијата со звуците, која професионално се нарекува „фонолошко внимание“, во научниот свет се покажа како добар показател за совладување на способноста за читање. Двојазичните деца кои прво учат да читаат на својот мајчин јазик, побрзо и полесно учат да читаат на друг јазик.
Пасош за цел свет
Многу јазици се зборуваат низ целата планета, а англискиот е само трет на листата на најчесто користени јазици – по кинескиот и шпанскиот. Всушност, светот е навистина двојазично место, а познавањето на два или повеќе јазици нуди многу можности во животот. Иако најдобрата возраст за учење нов јазик е од раѓање до седумгодишна возраст, никогаш не е доцна да зборувате странски јазик!