Две нови книги за деца од македонската авторка Марија Костадиновска
Во издание на Литература.мк, на македонскиот книжевен пазар се најдоа две книги за деца – „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ , од авторката марија Костадиновска.
„Волшебната приказна за двете соседни кралства“ е приказна за кралицата Хана и кралот Фран, кои ќе ги изгубат своите кралства. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и трајно. За да ги вратат изгубените кралства ќе мораат да се потрудат. Илустраторката Александра Филипоска, освен за графичкото уредување на делото, е задолжена и за визуелното „оживување“ на ликовите во „Вистинска приказна за двете соседни кралства“.
Волшебните прегратки“ е приказна-метафора за среќата. За непроценливата детска среќа и за тоа како со малку може да се има сѐ ако се занемари (не)намерното негативно дејствување од возрасните. За купувањето на нематеријални нешта, за вредноста на желбите и соништата. За бујната фантазија и остриот ум на детето. Илустраторката на книгата Иванка НиБа потенцира дека инспирација за визуализација на книгите за деца црпи токму од цртежите на децата.
Марија Костадиновска е е дипломец на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за македонски и јужнословенски книжевности. Со пишување почнува во студентските денови, а во последните неколку години пишува книжевност за деца. Костадиновска е професионален едриличар и говори англиски, шпански и грчки јазик, а во изминатите години живеела во Шпанија, Италија и на Флорида.
„Вистинска приказна за двете соседни кралства“ (2020) и Волшебните прегратки“ (2021) се нејзини први публикации. Тие станаа дел од програмата на студиите по детска литература на Филолошкиот факултет во Скопје.
Двете книги се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и за нарачување онлајн преку интернет-страницата http://www.literatura.mk.