Грчка пита со месо
Сoстојки:
– кори за пита, 500 г мелено месо, 2-3 главици кромид, 4-5 јајца, 1 кисело млеко, 1 лажичка сода бикарбона, 200 мл газирана вода, ½ лажичка оригано, 1 лажица доматно пире, масло, сусам (по желба), ким, оригано, сол, црн и црвен пипер
Приготвување:
Кромидот излупете го, исечкајте го и испржете го во тава на масло со малку вода и масло, па додајте му го меленото месо. Посолете и пржете додека се издроби месото, зачинете со ким, оригано, црвен и црн пипер. Тргнете го на страна да се лади. Не го мешајте со филот од јајца. Јајцата изматете ги во сад и додајте им го киселото млеко, содата, доматното пире и минералната вода. На крај кога ќе е изладено месото спојте ги двете смеси. Корите филувајте ги и виткајте ги во ролни, па редете ги во подмачкан плех. Ако се тенки корите редете по 2-3 , ако не по една. Премачкајте ја питата со масло и попрскајте со малку газирана вода. Посипете со сусам и печете додека добие убава златно-жолта боја. Пред послужување посипете со оригано и сервирајте ја топла.