• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Градинарство: забавно хоби кое е добро за вашето здравје

by РиД 29/04/2023 0 Comment
 Градинарство: забавно хоби кое е добро за вашето здравје
фото:pexels

Градинарството е навистина забавен  и релаксирачки начин да стапите во контакт со природата, но дали знаевте дека има и многу здравствени придобивки? Тоа е активност која е добра за умот и телото, а во неа можат да уживаат сите без разлика на возраста. Дополнителна придобивка  е што ќе јадете вкусно овошје, зеленчук и билки што сами ќе ги одгледувате.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, само 2,5 часа умерена активност секоја недела може да помогне во намалување на ризикот од многу здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, мозочен удар, висок крвен притисок и дијабетес тип 2.

И вашиот мозок има бенефит од времето поминато во градината. Да се биде надвор на свеж воздух и сонце е ефикасен начин да го подобрите расположението и да се ослободите од стресот. Всушност, градинарството се покажало како корисно за намалување на ризикот од депресија. Оваа активност може да ви донесе спокој и радост.

Тука се и здравствените придобивки што доаѓаат од производите што ги одгледувате. На овој  едноставен начин ќе внесете повеќе свежо овошје и зеленчук во вашата исхрана, а сигурно ќе ги цените уште повеќе затоа што сами сте ги одгледувале. Градинарството бара малку трпение, но вреди кога ќе ја видите вашата чинија полна со свежите плодови на вашиот труд.

За безбедно градинарско  искуство потребно е да имате соодветни алатки и опрема. Се препорачува носење лесни кошули, панталони со долги ногавици, капа за заштита од сонце, како и мачкање на крема за сончање. Секако ракавиците се задолжителни, за да се заштитите од евентуални повреди. И не заборавајте да ставите средство против комарци.

Безбедноста на почвата е уште една работа што треба да се има на ум. Особено во урбаните и приградските области, почвата може да биде контаминирана со тешки метали и други загадувачи, поради што добра идеја е да ја тестирате вашата почва пред да започнете со градинарството.

 

фото:pexels

Градинарството е уште позабавно, ако ги вклучите децата. Тие можеби ќе го сфатат како нова игра, но сепак ќе научат и важни лекции дирекно или индирекно поврзани со здравјето. Ќе научат од каде доаѓаат разните видови плодови и какво влијание имаат на здравјето. Секако за нив обезбедете алатки соодветни на возраста и гледајте ги како ја истражуваат градината. Разговарајте со нив што и каде да засадите, а тоа можете да го претворите во интересна игра. На пример прашајте ги каде да засадите домати за здрава салата, зачини за повкусна супа и слично. И кога конечно заедно ќе ги наберете првите плодови, задолжително подгответе салата или супа.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 434

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: градинарство зеленчук овошје
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved