Волнена облека за чувствителна кожа
Купивте прекрасна мека волнена блуза, но кога дома ја облековте се чувствате непријатно. Проблемот со чешање предизвикано од ткаенина е нешто кое секому му се случило барем еднаш во животот, а за да не се повторува, стручните лица советуваат дека треба да знаете кои ткаенини треба да ги избегнувате зависно од чувствителноста на кожата.
1. Висока чувствителност
Симптомите најчесто се рефлектираат како силен јадеж, речиси како алергиска реакција предизвикан од речиси секаков состав на ткаенините, дури и оние од волна и кашмир. Волната како ткаенина општо е на лош глас поради честото создавање непријатни кожни реакции. Ако имате одредена реакција на волна, не значи дека сте алергични на неа. Тоа обично се случува по една недела носење волнена тканенина. Ако се случи појава на реакција истиот ден прио носење на облеката, тогаш станува збор за надразнувачки контактен дерматит, а се појавува како црвенило, јадеж, краставост или ситни кожни неправилности.
Памукот и свилата делуваат нежно на кожата, затоа изберете материјали од овој вид, кои ќе ги носите под волнената блуза и нема да имате проблем. Ако се случи и вака да мате реакција, тогаш откажете се од волнената облека, иако тоа значи дека нема да се затоплите. Ако и материјалите од синтетика ви предизвикуваат непријатна кожна реакција, причината може да е поради бои во ткаеинините или остатоци од детергент.
Доколку кожата ви е изразито чувствителна, стручните лица советуваат да се ограничите само на памучна и свилена облека.
2. Средно чувствителна кожа
Симптомите кои упатуваат на средна чувствителност се повремено чешање од одредена облека, но сепак тоа е во поблага форма. Затоа најдобро е да одберете кашмир, поради мекоста и фактот дека не предизвикува иритација како другите видови волна. Кашмирот не содржи ланолин, состојка од волната на која повеќето луѓе реагираат лошо. Уште еден фактор кој може да предизвика иритација е оклузија. Припиените ткаенини веројатно ќе создадат триење и генерираат пот кој може дополнително да ја влоши состојбата на кожата. Дури иако се потите само пет минути иритантниот јадеж може да ве следи цел ден. За лицата со средна чувствителност се препорачува купување блузи од нежни ткаенини како кашмир, а истовремено да се опуштени и прозрачни.
3. Ниска чувствителност на кожата
Нивото на непријатност е подносливо и немате генерално проблем при носењето волнена облека.