Вистинската дама има големо самопочитување
Кога ќе се вљубиме ја губиме реалната слика за партнерскиот однос. Нештата кои сте ги правеле најчесто поради љубовта, едноставно никогаш нема да си ги простите, без разлика колку во тој момент некои одлуки ви се чинеле апсолутно оправдани.
Поради љубов жените често знаат да ја “изгубат“ главата, а до такви ситуации најчесто доаѓа и поради несигурност во стабилноста на врската. Но сепак постојат некои нешта кои никогаш не треба да ги направите без компромис, без разлика на сè.
Едноставно ниедна силна жена не смее да се смени поради било кого.
1. Промена на физичкиот изглед
Физичката промена нема да има никаков ефект ако ја правите поради партнерот, пријателките или некој член на семејството. Нова фризура, боја на коса, заводливи потпетици,. тетоважа, одење во теретана, мора да сакате да ги направите поради себе, а не поради туѓо мислење.
2. Неисполнување на животните цели
Никој не смее да ви застане на патот кон остварување на важите желби и цели. На крајот од краиштата, тоа е само ваш живот и никој наместо вас нема да жали за пропуштеното. Можеби еднаш сте одбиле понуда за работа или сте ставиле некоја идеја “на чекање“ поради новата љубовна врска, а на крај сте останале и без партнер и без работа. Ако од друга страна не сте добиле поддршка, можеби треба да се запрашате дали таа личност е за вас.
3. Чекање да добиете одобрение
Силните жени играат по свои правила и од никого не бараат одобрување. Секако обидете се да бидете што порешителни, храбро носете одлуки, без разлика на тоа што некој друг мисли. Бидејќи сепак секоја жена знае што е најдобро за неа.
4. Откажување на веќе договорени планови
Понекогаш сте опкружени со луѓе кои самите себеси си се на прво место, а тоа го очекуваат и од другите. Таквите односи не носат многу добри нешат и ќе ве доведат во ситуација поради нив да менувате свои планови, желби и потреби. Ако тоа ви се повтори, обидете се да се сетите на непријатното чувство и така да се вратите себеси на прво место.
5. Не се менувајте за никого
Секогаш бидете она што сте, поради себе. Ако решите да направите некоја промена, нека биде поради подобар квалитет на вашиот живот.