Високото ниво на холестерол сериозно влијае на плодноста
Високиот холестерол не само што е лош за срцето и артериите, туку може да биде и отежнувачки фактор за двојките кои сакаат дете, покажа студија спроведена во САД, чии резултати беа објавени во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам.
Резултатите од студијата, со која биле опфатени 401 двојка кои се обидувале да имаат деца една година, покажале дека жените со висок холестерол во крвта потешко забременуваат отколку жените кои немаат ваков вид здравствени проблеми.
Мажите и жените кои учествувале во истражувањето биле на возраст од 18-44 години и немале некои посебни проблеми со стерилитет. Во текот на годината на следење на паровите, 347 жени останале бремени, а останатите 54 не. Тоа биле жени кои имале високо ниво на холестерол во крвта.
– Нашето откритие покажува дека паровите кои сакаат дете, но не успеваат, мора да го проверат нивото на холестерол. Колку е помало нивото на холестерол во крвта на жената, толку се поголеми шансите за бременост – вели Енрике Шистерман, еден од научниците кои работеле на истражувањето.