Вегетаријански полнети тиквички
Состојки
– 3 тиквички, 3 страка целер, 3 млади кромитчиња, 3 млади лукчиња, 1 морков, 3 лажици доматно пире, неколку маслинки, 100 г кашкавал, оригано, босилек, масло и сол
Приготвување:
Измијте ги тиквичките, пресечете ги на пола по должина и издлабете ја средината со лажица. Во тава ставете ги ситно сечканите морков и целер да омекнат. Потоа додајте ги сечканиот кромид и лук и пржете кратко, посолете, па додајте ја средината од тиквичките. Додајте доматно пире, разматено со малку вода. Зачинете со оригано и босилек, додајте ги сечканите маслинки, па со оваа смеса наполнете ги тиквичките. Ако ви остане вишок, распоредете го од страна во тавата. Попрскајте со малку масло и печете ги во рерна на 200 степени. На крај посипете со рендан кашкавал и допечете ги уште малку.