Варените тестенини никогаш не ги мијте со вода
Прво нешто на кое помислувате кога ќе се спомне брз оброк, се варени тестенини. Но, често пати се случува вистинска катастрофа –преварените и залепени шпагети не се реткост.
Прво треба да изберете соодветен лонец, доволно голем за во него да може да се варат тестенините и да го наполните со вода – за 500 грама тестенини потребни се до три литри вода, и да ја посолите. Масло не ставајте, за да не се залепат тестенините во тек на варењето неколку пати промешајте ги.
Во тек на варењето повремено пробајте дали се варени. Совршените тестенини треба да се „ал денте„ – односно меки, ама не преварени. Всушност кога ќе ги загризете да ги почувствувате како лесно крцкаат под забите. Со тек на време ќе стекнете искуство и ќе знаете кога е доволно варење. Домашните тестенини обични не треба да се варат подолго од 3-5 минути.
По варењето исцедете ја водата, но НИКАКО не ги мијте тестенините. Готовите тестенини се мешаат со сосот или се послужуваат како додаток со готово јадење.
Некои сосови можат да се приготвуваат паралелно, бидејќи потребни се неколку минути, а најважно е сосот да одговара на тестенините. Едноставните сосови со маслиново масло и ситни парчиња зеленчук или сирење се пригодни за шпагети и други долги тестенини. Сосовите со парчиња месо или крупен зеленчук се совршени со макарони или тестенини машнички. И тука има исклучоци, па така школките најдобро одат со шпагети.
Пет најдобри сосови
1. Карбонара сос – главни состојки се јајца и сланина. Карбонарата нема класичен кремаст изглед, но ако изматите едно свежо јајце и додадете кашкавал, при топењето сè ќе се поврзе. Можете да испробате комбинација со шпаргли, маскарпоне и горгонзола.
2. Болоњезе сос – се подготвува од мелено месо и домати, па спаѓа меѓу класичните италијански рецепти. Уште е познат како рагу.
3. Маринара – е сос со лигњи кој можете да го направите во комбинација со други морски плодови. Во овој сос можете да додадете пасирани домати, вино и лук.
4. Вонголи – или сос со школки, а готвачите препорачуваат во нив да искомбинирате цели чери домати, лук, маслинки и малку пасирани инчуни.
5. Мини ќофтиња – тајната на вкусни шпагети со месни топчиња е во изработка на месниот дел – лебот пред мешање со месото потопете го во топло млеко, што ќе им даде сочност, а потоа месните топчиња подгответе ги во класичен сос од домати.