Бифтек во сос од гускина паштета
Состојки:
– 300 г бифтек, 60 г гускина паштета, 1 главица кромид, 100 мл црвено вино, малку нишесте, сол и црн пипер
За сервирање:
– тенки резанки од тиквичка, модар патлиџан, шери домати, кромид и брускети
Приготвување:
Бифтекот претходно треба да стои во маринада од дижон сенф, црн пипер, крупна сол и маслиново масло. Откако ќе се измаринира се сече на поголеми парчиња и се пече од сите страни на скара, но да не се препече. Во еден сад ставете го сечканиот кромид и пржете го на маслиново масло додека стане стаклест. Посолете по вкус и додајте ја гускината паштета. Измешајте, па додајте го виното и потоа разматеното нишесте со малку вода. Варете додека се згусне сосот. Зеленчукот исечете го на тенки парчиња и испечете го кратко на скара. На чинија сервирајте го зеленчукот (по една резанка од секој), посипете со крупна сол. Над него ставете го сосот, па над него бифтекот. Сервирајте со препечени и зачинети брускети.