Ах, таа домашна задача- како да го навикнете детето да си ги извршува обврските
Ви се чини дека се обидовте со сè од награди до казни, соработка со учителката, заедничка работа и ништо не помага. Едноставно детето не сака да ги завршува домашните задачи. Не сте единствени, бидејќи според една анкета дури 62 проценти од децата не ја сакаат оваа задолжителна активност.
Причините за тоа се неколку:
- Домашните им се здодевни. Додека надвор има толку интересни активности детето мора да седи дома и работи. Но, колку и да го критикувате школството и програмите, тоа е едноставно така- домашните задачи се задолжителни и детето мора да се навикне.
- Задачите се тешки и неприлагодени за возраста. Ова е уште една вистина и ќе морате да му помогнете на детето во совладувањето на материјалот.
- Детето покажува бунт. Кога не работи домашни задачи го има вашето и вниманието од учителката. Колку и да е негативна причината, детето несвесно ја предизвикува. Размислете колку квалитетно време поминувате со него.
Најчести грешки од родителите
Верувале или не најчестите реакции од родителите се погрешни. Еве што не треба никогаш да правите:
- Не му велете на детето дека домашната задача е негова обврска. Така кај него ја убивате желбата домашната да биде нешто што му се допаѓа.
- Не го уценувајте дека нема да си игра додека не ја заврши. Пак ја правите домашната задача здодедвна обврска. Нека ги заврши двете обврски играње и домашна, ама дозволете му самото да го избере редоследот.
- Не го потмитувајте за да ја заврши. Набрзо нема да можете да понудите доволно големо мито.
- Не го потсетувајте детето и не проверувајте во родителските групи што има за домашна. Така само ќе му создадете навика да се потпира на вас кога има обврски.
Како да го натерате детето да ја заврши домашната?
Никако. Сите психилози и педагози ќе ви кажат дека не треба ништо да правите. Оставете го да погреши и да сноси одговорност.
Кога ќе видите дека ескивира, објаснете му што тоа точно значи. Споредете го со својата работа или домашни обврски и покажете му дека за сè постојат последици. При тоа детално објаснете му каде води нередовното пишување домашни задачи: минуси, критика од наставникот, единици, ниски оценки…. и какви последици ќе има ако го намали успехот.
Како да му помогнете на детето
Кажете му дека сте тука ако му треба помош при пишувањето домашни задачи. Кога ќе успее цела недела да ги завршува домашните наградете го со некој омилен десерт или прошетка до некое омилено место.
Договорете се кога ќе дојде дома да ви каже што има за домашна и прегледајте му ги домашните на крај за да видите дали се комплетно завршени.