Андреа не влезе во финалето на Евросонг 2022
Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Кругови“ (Circles) не влезе во финалето на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Торино, Италија.
Андреа имаше одличен настап синоќа во второто полуфинале, а од 18-те земји во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.
Од првото полуфинале на 10 мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Финалето на 66. издание на Евросонг ќе се одржи утревечер ,а преносот на МРТ1 почнува од 21 часот.
извор: СДК