• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Акутнотo воспаление на колкот кај деца e минлива состојба

by РиД 04/05/2022 0 Comment
 Акутнотo воспаление на колкот кај деца e минлива состојба
фото:pexels

Tранзиторен синовит на колкот е најчеста причина за нагла болка во пределот на колковите во детска популација. Се јавува на возраст од 3 до 10 години, и тоа двојно почесто кај девојчињата. Според специјалистите ортопеди станува збор за минлива состојба која не остава никакви последици.

Причините за акутното воспаление на колкот кај децата не се познати, но се претпоставува дека се работи за вирусно воспаление бидејќи често се јавува по претходна фебрилна состојба, инфекција на горно-респираторните патишта, бронхит или пневмонија. Можно е ова заболување да се јави и по примена вакцина, а причина може да биде и претходна повреда на детето.

Болеста се манифестира со нагла болка во колкот, но има случаи кога децата се жалат на болки во натколеницата или во коленото. Некои деца поради болките не сакаат  да застанат на нога и да одат, најчесто откако ќе станат од спиење. Децата криват кога одат или ногата ја виткаат во колкот и коленото, отворена кон надвор, позиција во која притисокот на колкот е најмал. Ако на состојбата и претходела инфекција на дишните патишта или увото може да се јави и мала температура до 37,5степени. Кога ќе се забележат вакви тегоби детето веднаш треба да се однесе на преглед кај специјалист. Се препорачува да се направи анализа на крвта со цел да се исклучи бактериското воспаление или ревматско заболување. Прегледот кај специјалист вклучува и ехо на колкот со цел да се види во каква состојба е обвивката на колкот и количината на изливот во колкот. За да се исклучат други посериозни состојби на колкот и карлицата се прави ренген снимка која се повторува по 6 месеци. Целта е да се исклучи Пертесовата болест на колкот при која доаѓа до трошење на главата на бутната коска заради пореметено снадбување со крв на истата. Се претпоставува дека повторувани воспаленија можат да доведат до Пертесова болест заради повторувачки притисок врз главата на бутната коска. Понекогаш е потребно да се направи и магнетна резонанца на колкот.

Колку е сериозно и како се лекува?

Ова заболување на колкот може да се повлече спонтано, без лекување, ако е во полесна форма. Основна препорака во лекувањето е мирувањето. Детето не смее да има интензивни физички активности, како трчање или скокање, со цел дополнително да не се оштетат воспалените делови на колкот. Се дава благо антивоспалително средство кое ќе го смири воспалението, отокот и болката. Антибиотик се дава по оценка на лекарот, после прегледот и направените иследувања, за да се излекува предходно бактериско воспаление и да се превенира бактериска суперинфекција. Контрола кај детето се правипо 3-5 дена од првите симптоми.

Доколку детето добие висока температура и влошување на симптомите треба веднаш да се јавите на лекар. Вообичаено симптомите се повлекуваат по 2-3 дена од почетокот на лекувањето, иако изливот во колкот може да биде присутен 7-10 дена, па затоа и лекувањето се продолжува во тој период, а по потреба и подолго. Контролите се прават додека потполно не исчезнат симптомите. Компликации од оваа болест се многу ретки. Пертесовата болест се јавува кај 1-3% од децата што имаат транзиторни синовиити. Акутното воспаление на колкот може повторно да се јави, најчесто кај малите деца, во период од 6 месеци од предходното воспаление. Ова се случува кај 4-17% од децата. Излекувањето од оваа болест е целосно и најчесто без последици по колкот на детето.

 

 

 

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,002

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: колк. болка транзиторен синовит
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved