Ако постојано репродуцирате искуства од минатото, можеби се борите со овој проблем
Речиси секој има некои моменти од минатото кои сака да ги повторува во својот ум. Тоа може да биде што било од расправија низ која неодамна сте поминале, задача што не сте успеале да ја решите или грешка што сте ја направиле и така сте повредиле некој друг. Размислувањето започнува несвесно и ве носи кон репродуцирање на настани и можности за тоа како сте можеле да направите нешто, а не сте го направиле. Дали требаше да направите нешто поинаку во такво време? Имаше ли начин да се избегне негативен исход? Токму тогаш заглавувате во еден момент од вашето минато и почнувате да се преиспитувате себеси, обземени од вина и жалење за ситуација која повеќе не можете да ја контролирате. Сепак, психолозите објаснуваат дека оваа практика има име – руминирање, и не е толку безопасна како што изгледа.
Во својата објава на Инстаграм, терапевтката Амбер Елизабет Смит објаснува дека иако румирањето е сосема нормално човечко искуство, сепак треба да внимавате на знаците и да преземете акција кога ќе почувствувате дека сте претерале со овој начин на размислување. „Руминирањето се случува кога имаме желба да решиме проблем што нè мачи и веруваме дека со повторување на ситуацијата би можеле да дојдеме до ново решение и да најдеме олеснување.“
View this post on Instagram
Меѓутоа, она што често се случува е да заглавиме во циклус на вознемиреност и прекумерно размислување.
– Размислувањето и обработката на претходни искуства се неопходни за раст, но во кој момент тоа се претвора во опсесија? Фокусирањето на проблем, минат или сегашен, повеќе од неколку минути е клучен знак дека руминирате и дека можеби ќе треба да го промените вашето размислување. Ако се чувствувате полошо или преоптоварено кога ќе помислите на одредена акција, тоа исто така укажува на руминирање, бидејќи не чувствувате никаква промена кон прифаќање или продолжување понатаму и покрај тоа колку време поминало. Кога тоа ќе се случи, може да се чувствувате физички вознемирени или како да нема одржливо решение – изјави Смит за stylist.co.uk.
Сепак, важно е да се прифати дека повторувањето на истата ситуација одново и одново не може да биде здраво. Па, како можете да започнете да го разоткривате вашето размислување и да се движите кон попродуктивен метод на размислување? Смит вели дека клучот е да се препознае коренот на вашата потреба да размислувате, зошто и која е причината за таквото постојано премислување и размислување за работите од минатото и зошто тие ве мачат.
Кога ќе забележите дека размислувате за минатото или дека почнувате премногу да размислувате за минатото, Смит ве советува да се обидете да си го одвлечете вниманието. Свртете го умот и мислите на другата страна бидејќи голем дел од вашето размислување може да произлезе од потребата за перфекционизам.
– Кога се држиме до високи стандарди – без разлика дали во нашиот личен живот, академски или на работа – може да биде болно ако заостануваме, што ќе не наведе да се свртиме кон внатрешните мисли за тоа како можеме да избегнеме разочарување. Меѓутоа, ако забележиме што ги поттикнува овие спирали на срам или ниска самодоверба, можеме да преземеме чекори за да ги избегнеме – вели Смит.
На крајот на краиштата, апсолутно е природно да сакате да размислувате за работите што се случиле во вашите животи, добри и лоши. Но, кога тоа ќе стане доминантна шема на размислување што се провлекува во вашето секојдневно ментално здравје, тоа е нешто на што треба да внимавате.