Шокантен момент на оскарите: Вил Смит го удри Крис Рок поради шега кон неговата сопруга
Комичарот Крис Рок кој излезе да го најави победникот во категорија документарен филм, кога се појави на сцената почна да се шегува со присутните. Прво ги поткачи Хавиер Бардем и Пенелопе Круз, кои се номининари за „оскар“ во категориите главна машка и женска улога, велејќи дека ако Хавиер ја освои наградата, а жена му не, тој нема да смее да си оди дома.
Потоа ѝ се обрати на Џејда Пинкет Смит со зборовите:
– Џејда, одвај го чекам новиот филм „Џи Ај Џејн“ – алудирајќи на нејзината избричена глава, фризура каква што носеше главната хероина од филмот, а ја глумеше Деми Мур.
На ова Џејда изреагира нервозно, превртувајќи со очите, додека нејзиниот сопруг Вил Смит отиде многу подалеку.
Имено тој излезе на сцената и го удри Крис Рок по лице.
Изненадениот Крис се обиде да ја сврти работата на шега и рече “Вил Смит ме претепа на сцена. Неверојатен телевизиски момент“.
Но, тогаш Вил налутено му се развика:
– Не го спомнувај името на жена ми.
А на изјавата на Крис дека шегата е за познат филм, Вил уште погласно се развика, што непријатно ги изненади сите.
Многумина мислеа дека се работи за планиран настап, сепак не е така. Вил и Џејда ги налути неумесната шега на Крис, бидејќи Џејда пред извесно време прозборе за проблемот кој го има со губење на косата.
Подоцна кога излезе да го земе оскарот за најдобра машка улога во филмот „Кралот Ричард“, Вил не можеше да ги сокрие солзите и имаше емотивна изјава со која кажа дека глумејќи го таткото на двете тениски легенди Серена и Венус Вилијамс, научил како треба во животот да се заштитуваат луѓето кои ги сакаш и дека само сака да биде човек кој ќе шири љубов и ќе ги заштитува тие кои имаат потреба од тоа.
– Не плачам за тоа што добив награда, туку затоа што живееме во свет во кој заборавивме што е љубов и разбирање. Мора да научиме како да ги заштитиме оние кои се послаби и имаат потреба, да се научиме да шириме љубов – додаде меѓу другото Вил, кој како да сакаше да се оправда за постапката.
View this post on Instagram