• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Циркуларен кариес

by РиД 07/02/2022 0 Comment
 Циркуларен кариес

Детето на возраст од две години ги има сите млечни заби и најчеста дилема на родителите е што да сторат доколку се појави циркуларен кариес или т.н. „кариес од шишенце„.Тоа е специфичен облик кариес на млечните заби, кој се јавува во првите години од животот. Ги зафаќа сите заби и доведува до нивно разорување во најраното доба.

Непосредно по никнувањето на горните предни заби, во вратниот дел од забот се таложат меки наслаги под кои се забележува кредестата боја на глеѓта. Набрзо доаѓа до создавање на помали кавитети кои се спојуваат во широки кавитети, кружно околу забот и така доведуваат до отворање на кавумот од пулпата и одвојување на круничката од забот. Кариесот се шири кружно, зафаќајќи ја круната на забот по целата површина, поради што и има добиено назив „циркуларен кариес„.

 

Како настанува?

Главен причинител се рафинираните јаглени хидрати кои се составен дел од голем број секојдневни животни намирници, но и составен дел од сите слатки. Честите дневни и ноќни оброци, особено лошата навика да заспива детето и да се храни навечер преку шишенце со засладена вода, чај, сок или млеко.

Како да се спречи?

Циркуларен кариес

На детето при заспивањето не смее да му се остави подолго време шишенцето со течност во која има шеќер туку да му се даде вода или незасладен чај. Исто така земањето салтки да биде врзано за главните оброци, за да пуферскиот систем од плунката се избори со зоните на јака киселост, бидејќи кога детето во тек на целиот ден нешто грицка, пуферскиот систем од плунката се исцрпува и неговиот антикариоген ефект слабее.

Терапија на циркуларен кариес

Терапијата на циркуларниот кариес е сложена и комплицирана, а забите во понапреден стадиум не е можно да се излечат. Циркуларниот кариес брзо напредува и за кратко време, забите се црни и срамнети со непцето. Најтежок дел еда се убедат родителите да ги корегираат лошите навики и режимот на исхрана. Редовното и правилно одржување орална хигиена, редовна примена на флуориди, конзервативно згрижување на кариесните лезии, вадење на млечните заби кои не можат да се санираат и на крај протетско згрижување.

Поправка или вадење

Млечниот заб има иста функција како и постојаниот заб. Поради тоа неговата привременост во детската уста не смее да се обезвредни. Покрај тоа што обезбедуваат нормална фукнција на џвакањето, млечните заби се важни стимулатори за нормален раст и развој на вилицата. Запчињата треба да се поправаат, а не веднаш да се вадат, бидејќи се важни за зачувување на просторот на идните постојани заби.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,012

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved