Царскиот рез “го убива“ мајчинскиот инстикт
Жените кои раѓаат со царски рез потешко воспоставуваат примарна врска со новороденчето и во многу случаи не успеваат адекватно да одговорат на неговите потреби. Ова е мислењето на истражувачите од Универзитетот Јеил во САД под водство на Џејмс Свејн.
Како што е познато, сигналите за претстојното породување се под влијание на хормонот окситоцин. Тој е одговорен и за формирањето на мајчинското однесување, како и за расположението на жените по породувањето. Компјутерското скенирање направено од американски експерти покажало дека нивото на окситоцин значително се разликува помеѓу жените кои се породиле по природен пат и оние кои имале царски рез.
Според професорот Џејмс Вокер од Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози во Британија, таквата зависност е воспоставена релативно долго време, но проблемите може да се поврзани со компликации од породувањето за време на операцијата, а не со неа самата. Според експертите од Светската здравствена организација, бројот на царски резови во Европа и Северна Америка не треба да надминува 10-15%, додека таа расте секојдневно.
Причината, според нив, е што овој тип на породување често го избираат самите мајки, а како и секоја операција има несакани ефекти. Според д-р Мете Кристоферсен Тулонес од Универзитетот во Берген, Норвешка, планираниот царски рез го зголемува ризикот од астма за 40%, што може да се објасни со фактот дека природно породување настанува кога белите дробови на детето се целосно развиени, и самиот плод сигнализира дека е подготвен да опстои самостојно. Кај планираниот царски рез породувањето се извршува според формалниот период на траење на бременоста, не според зрелоста на развојот кај бебето.