Тороне
Состојки:
За прелив – 350 г темно чоколадо
За фил – 150 г млеко, 100 г бело чоколадо, 100 г црно чоколадо,150 г нутела, 200 г лешници
Приготвување
Во сад на пареа на ниска температура загрејте го темното чоколадо искршено на помали парчиња. Откако ќе се стопи тргнете го садот од оган и со половина од смесата обложете силиконски правоаголен калап. Ставете го во фрижидер да се стегне. За тоа време лешниците тостирајте ги во тавче две минути на средна температура, па оставете да се изладат. Во меѓувреме загрејте го млекото со двата вида чоколадо на ист начин како што го топевте чоколадото за прелив. Кога ќе добиете хомогена смеса тргнете го садот од оган и додајте ја нутелата, па мешаје додека се изедначи смесата. Додајте ги лешниците и оваа смеса истурете ја во калапот обложен со чоколадо. Ставете го садот во фрижидер и по 30 минути извадете го и прелејте со останатата половина стопено темно чоколадо. Покријте го садот со фолија и оставете да се лади 3-6 часа.