• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Тајните на парискиот „Дизниленд“

by РиД 08/04/2023 0 Comment
 Тајните на парискиот „Дизниленд“

По повод на 30-годишнината на постоењето на паркот беше направен список од тајни на овој забавен град кои посетителите треба да ги откријат. Ова го прави патувањето вистинска авантура и носи магија во доживувањето додека шетате низ овој забавен парк, без разлика на возраста.

Скриените симболи на Мики Маус

Посетителите треба да внимаваат на симболите на Мики Маус – три поврзани кругови – кои се скриени меѓу возењата, зградите,архитектурата и портите околу паркот. Но, интересно е тоа што  никој не знае точно колку симболи на Мики Маус треба да се откријат, бидејќи  Дизни никогаш не ја откри точната бројка.

фото: Инстаграм

Боите на замокот

Сината и розовата боја на замокот на Заспаната убавица се намерно избрани за да бидат во контраст со сивото небо кое е вообичаено за овој дел од Франција. Сепак, многумина тврдат дека боите биле избрани за да асоцираат на нијансите на фустаните на Заспаната убавица.

Совршено осветлување

Сите замоци во парковите на Дизни се проектирани да гледаат кон југ, така што сонцето никогаш не може да ја уништи вашата фотографија, без разлика дали се фотографирате во златниот час или во раните утрински часови.

Најдете го дувлото на змејот

Под замокот на Заспаната убавица, ќе го најдете „La Taniere du Dragon“, огромен аудио-аниматронски змеј со должина  27 метри од глава до опашка. Змејот најчесто спие тивко, но повремено се буди и ќе видите чад и ќе слушнете звуци на ржење.

фото: Инстаграм

Видете ги променливите лица на г-дин жаба

Погледнете ги внимателно дигиталните портрети на г-дин жаба на ѕидовите на ресторанот Toad Hall – овие слики постојано се менуваат, прикажувајќи го ликот на Дизни како сите, од Винсент Ван Гог до темата на сликата на Мона Лиза.

Ајфеловата кула

Упатете се кон самиот врв на швајцарска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Where Magic Gets Real ✨ (@disneylandparis)

та семејна куќа на дрвото Робинсон и можеби ќе можете да ја забележите Ајфеловата кула. Oва најлесно е ако денот е ведар и сончев, така што е многу поверојатно дека ќе ја забележите кулата во лето, но секогаш вреди да се погледне.

 

Приказната за играчките

Галеријата на ликовите од  анимираниот филм „Приказна за играчките“  е поставена на таков начин што изгледа како главните ликови да се шетаат наоколу. Додека шетате и  гледате како огромните модели на Баз и Вуди кои зборуваат имате чувство дека тие оживеале, а вие сте со нив во филмот.

Роденденски гратис

Ако денот на посетата некој од вашето друштво слави роденден, може да земе значка за роденденска прослава од Градското собрание во „Дизниленд„ за целиот персонал да знае дека слави. Тоа на славеникот ќе му донесе  многу роденденски честитки, а на некои места и дополнителен попуст.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 474

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: годишнина Дизниленд Париз роденден
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved