• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Славни мајки кои си ја изедоа сопствената плацента

by РиД 29/04/2022 0 Comment
 Славни мајки кои си ја изедоа сопствената плацента
фото:pexels

Плацентата е чудесен орган создаден од женското тело за време на бременоста, што му овозможува на бебето да преживее. Но, постои и практика да се јаде плацентата по породувањето. За неколку познати мајки кои го дегустираа овој орган, пишува порталот roditelji.hr.

Многу жени денес веруваат, а лекарската фела не се согласува, дека јадењето на плацентата по породувањето ја враќа силата и здравјето на жената, го спречува појавувањето на постпородилна депресија, но и го поттикнува производството на млеко.
Но, иако во старите времиња, во некои култури жените јаделе сирова плацента, веднаш по породувањето, денес е вообичаено да се подготвува во смути, да се дехидрира и да се става во капсули, некои мајки j пржат и јадат, а има и такви кои сè  уште се држат до старите обичаи, па ја јадат сирова, уште во породилната сала.  На интернет има дури и многу рецепти и кулинарски упатства за подготовка на плацентата на различни начини.
И славните мајки решија да го пробаат ова, а една од нив е Хилари Даф. Откако ги родила второто и третото дете, ќерките Бенкс Вајолет и Меј, Хилари признала дека ја испила плацентата во смути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)

„Тоа беше највкусното смути што некогаш сум го испила“, го опишала своето прво консумирање плацента во американски подкаст. „Беше полн со калории со сок и овошје и сè што сакам“.

Актерката призна дека на почетокот била скептична околу идејата да ја консумира сопствената плацента, но откако дознала дека помага да се спречи постпородилна депресија и да се ублажи постпородилното крварење, одлучила дека вреди да се проба. Откако ја пробала плацентата, Хилари тврди дека се чувствувала одлично, а остатокот, кој не го испила во смути, бил замрзнат во коцки и продолжила да ја конзумира за време на постпородилниот период.

Кетрин Хејгл, ѕвездата на „Вовед во анатомија“ откако го роди синот Џошуа Бишоп, направи капсули од нејзината плацента. Кетрин се породила со царски рез и веднаш ја предала плацентата на дехидрација, за потоа од неа да се изработат капусли. Потоа ги консумирала во постпарталниот период и има многу позитивни искуства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katherine Heigl (@katherineheigl)

А Кортни Кардашијан, мајка на три деца, уште во 2014 година, по раѓањето на бебето Рејна, на социјалните мрежи се пофали дека пиела капсули од плацентата. Ријалити ѕвездата напиша објава: „Њами, вкусни … капсули PLACENTA! Не се шегувам, ќе бидам тажна кога ќе ги потрошам моите омилени апчиња од плацентата.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Ким Кардашијан, откако го роди своето второ дете, за прв пат ја конзумирала плацентата, преку капсули. Додека се бореше со постпородилна депресија по првото породување, Ким ги следеше советите на мајките кои го избегнаа проблемот со постпородилна депресија, јадејќи ја својата плацента.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mayim bialik (@missmayim)


Но, ако некоја мајка е на удар на критиките за нејзиниот родителски избор, тоа е Мајим Бијалик, ѕвездата од серијата „Теорија на голема експлозија“. Освен што се породила во својот дом, актерката го доела своето дете до три години, а буквално си ја изела плацентата. За да се одбрани од злобните критичари, таа на својот Инстаграм напиша: „Човечките суштества се единствените цицачи кои одбиваат да ја јадат својата плацента. За другите цицачи тоа е природен инстинкт бидејќи плацентата е богата со протеини и железо, кои се важни за закрепнување на телото на мајката по породувањето. Крај на приказната.’

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 967

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: новороденче плацента породување постпородилна депресија
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved