Путер од јаболка
Сoстојки:
– 3 кг јаболки (најдобри се зелени и киселкасти сорти), 4 чаши шеќер, 2 лажици цимет, ¼ лажичка мелено каранфилче, ¼ лажичка сол
Приготвување:
Излупените и поситно исечкани јаболки ставете ги во голем сад. Измешајте го шеќерот со зачините и посипете ги јаболките, па промешајте да се соединат состојките. Покријте го садот и варете на висока температура еден час. Потоа намалете ја температурата и варете ги со повремено мешање неколку часа, односно додека смесата се згусне и стане темно кафеава. Соберете во чисти тегли и можете да го чувате во фрижидер до 3 недели или во замрзнувач до 6 месеци.
СОВЕТ ПЛУС – оваа зимница најдобро се подготвува во сад за бавно готвење. Ако го имате тогаш варете еден час на висока температура со покриен капак, потоа намалете на најниско и варете 9-10 часа, со повремено промешување. На крај извадете го капакот и варете уште еден час.