• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

При скубењето веѓи секогаш имајте на ум – помалку е повеќе

by РиД 28/02/2022 0 Comment
 При скубењето веѓи секогаш имајте на ум – помалку е повеќе
фото:pexels

Убаво негуваните веѓи за да го комплетираат вашиот изглед треба да се правилно обликувани и соодветно нашминкани. За ова ако не можете сами побарајте помош од стручно лице. А ако сте доволно вешти, тогаш зафатете се за работа по следните чекори:

1. Набавете го потребниот алат – обичен молив, пинцета, чешелче или апликатор за веѓи, сенка за очи, моливче или гел маскара во боја за веѓи. Земете топол влажен пешкир и неколку минути држете го на лицето, за да попуштат фоликулите и скубењето на влакненцата биде безболно. Ако сте почетник изберете пинцетата со тенок врв, со која полесно се вадат влакенцната. Онаа со коцкаст врв служи за отстранување на повеќе влакненца одеднаш, така што  можете да направите погрешен облик.

2. Одредете го обликот на веѓите. Исчешлајте ги така да добијат природен изглед, па одредете го нивниот облик. Почетокот најдете го така што ќе го доближите моливот покрај носот, а да допира до внатрешниот аголод окото. Местото каде се спојува врвот од моливот со вашата веѓа е тоа каде треба таа да почнува.
Највисоката точка на лакот можете да ја одредите ако моливот го допрете од врвот на носот до веѓата преку средината на окото. Местото каде се сечат моливот и веѓата треба да е највисоката точка на лакот.
Надворешниот агол одредете го со дијагонално ставање на моливот од надворешниот агол на носот до надворешниот агол на окото. Местото каде допира моливот до веѓата е крајната точка до која таа треба да завршува.
По одредувањето на обликот означените точки обележете ги со молив за очи, а потоа исцртајте го лакот кој сакате да го добиете. Сè што е надвор од него можете да го искубете, без страв дека ќе го оштетите изгледот на веѓите.

3. Со пинцета почнете да ги обликувате веѓите. Почнете од долната страна на работ и тргнете од внатре кон надвор. Влакната секогаш скубете ги со брзи и остри движења, во насока на нивното растење. За да се изедначат, најдобро е прво да искубете неколку влакненца од една, па од друга веѓа. Фаќајте близу до коренот, едно по едно влакно. Од горната страна веѓите не се скубат, за да не го изгубат природниот облик. Веѓите треба да се најдебели на почетокот. А потоа лесно да се стеснуваат. Избегнувајте нагли премини аа да не изгледаат неприродно. Ако некои влакненца се премногу долги, користете ножички со кои ќе ги потстрижите. По скубењето освежете ја кожата со тонирачки лосион за лице или алое вера гел, за да се намали иритацијата и црвенилото.

4. Пополнете ги евентуалните недостатоци и дефинирајте ги веѓите. Ако немаат природна густина можете да ги пополните со сенка за очи, молив за веѓи или гел маскара во боја. Бојата секогаш треба да биде за нијанса посветла од бојата на косата, освен кај русокосите, кај кои важи обратното правило. При изборот на моливче за веѓи внимавајте текстурата да не е масна и да биде постојана. Исто така средствата кои ги користите мора да се мат, никако седефасти или металик. За да останат вашите веѓи совршени, употребете зацврстувач за веѓи и нанесете малку лак за коса на четкичка за веѓи, па со нејзе поминете преку веѓите да им дадете густина и дефиниција. При скубењето секогаш имајте на ум – помалку е повеќе. Моментално во мода се природно обликувани веѓи, затоа не претерувајте со нивното скубење.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 538

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: веѓи обликување шминкање
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved