Природно средство за чистење стакло
Ако се решите еколошки да ги чистите прозорците и стаклените површини во домот, нема ништо подобро од тоа сами да си направите средство. Тоа не само што не е штетно за околината, туку е и многу поефтино.
Потребен материјал е 1 чаша топла вода, 1 лажица нишесте, 2 лажици алкохолен оцет, 2 лажици 99% алкохол, 10 капки есенцијално масло по избор и уште потребна ви е една прскалка.
Во еден сад измешајте ги топлата вода и нишестето и мешајте додека се раствори. Потоа додајте го оцетот, алкохолот и есенцијалното масло. Измешајте и префрлете ја течноста во прскалката. Нежно протресете и користете веднаш или по потреба.