Од првото млечно запче почнете со редовно миење на забите
Штом ќе излезе првиот млечен заб, време е да започнете со четкање и миење на забите на вашето бебе. Користете бебешка четка за заби со меки влакна и флуорна паста за заби. Ако пред миењето на забите вашето бебе се противи, со насмевка, гушкање и песна одвлечете му го вниманието или побарајте помош од партнерот.
Посетете стоматолог кога ќе никне првиот заб за преглед и совет кога и како треба да почнете да ги четкате забите на вашето бебе.
Како што забите на вашето бебе почнуваат да се појавуваат, што се случува обично на околу 6 месеци, почнете да ги четкате со паста за заби со флуор, од која на четката ќе ставите топче големо колку зрно грашок. Иако млечните заби не се трајни, сепак се важни за развојот на говорот и процесот на џвакање кај вашето бебе. Покрај тоа тие ја оформуваат вилицата и го чуваат просторот за трајните заби. Ако недостигаат некои од млечните заби, другите заби може да се поместат и се случува трајните заби да излезат искривени или да не можат да излезат воопшто и да останат заробени во коската на вилицата. Празнините може да предизвикаат болка и инфекции, како и потреба од сериозни стоматолошки процедури.
ѓЕдна четвртина од децата на возраст од 2 до 5 години имааат празнини од извадени млечни заби, а повеќе од децата на возраст од 6 до 8 години имаат барем еден изваден млечен заб. Затоа започнувањето на одржување на оралната хигиена треба да биде навика која уште многу рано ќе го намали ризикот од расипување на забите кај децата додека растат.
Еве неколку совети за како успешно да го навикнете вашето бебе да ги мие забите.
– Изберете ја вистинската четка за заби. Користете мала бебешка четка за заби со меки влакна. Заменете ја четката веднаш штом влакната ќе почнат да изгледаат истрошено, односно на секои два до четири месеци.
– Нежно четкајте од внатрешната и надворешната страна, по должината на непцата и страната за џвакање околу секој заб, а ако не се противи бебето, со четката нежно поминете го и јазикот за да ги отстраните бактериите.
– Не грижете се за плакнењето. Бидејќи користите мала количина паста за заби (големина на зрно ориз- за помалите, а големина на зрно грашок- за поголемите), нема потреба да плакнете. Со тоа ќе ги зголемите придобивките од флуорот.
– Четкајте ги забите на бебето два пати на ден, еднаш наутро веднаш по првото хранење и непосредно пред спиење.