• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Облека за миленици – потреба или каприц на сопствениците

by РиД 28/02/2022 0 Comment
 Облека за миленици – потреба или каприц на сопствениците
фото:pixabay

Со доаѓањето на постуденото време, сосема е природно да сакаме да ги заштитиме и нашите миленици. Изборот е голем од јакни, џемпери, дури и кучешки чевли. Но, многумина се прашуваат дали таквите работи се навистина неопходни или се каприц на сопственикот. И, ако е така, како да се избере вистинскиот модел во зависност од расата на кучето.

Прво што треба да се знае е дека не можат сите кучиња подеднакво да го издржат студот. Расите како што се хаска, акита, маламут, самојед и слични, имаат густо и долго крзно што ги штити од студот, па лесно можат да поминуваат часови надвор на многу ниски температури. Додека помалите кучиња и оние со кратко влакно како чивава, пинч, француски булдози и тн., нема да уживаат во долг престој надвор.

Важна е и возраста на кучето, односно на постарите кучиња потребна им е поголема заштита од кучињата кои се млади и полни со енергија.

pixabay

Дали на вашето милениче му треба облека?
За да го дознаете ова следете го неговото однесување. Можно е да одбие да излезе или да брза да се врати во куќата, да се тресе додека сте надвор, а исто така проверете дали телото му е ладно на допир. Помалите кучиња веројатно ќе сакаат да ги носите во раце. Според некое непишано правило, штом температурата падне под 10 степени, време е за дополнителна заштита.

Суштината на облекувањето, е да се загрее кучето, да се заштити од дожд и да се движи слободно додека енадвор. Придобивка плус е што неговото крзно под оделото останува чисто, така што времето што го поминувате во чистење по прошетката е скратено.

Кога станува збор за кучешки чевли, тие имаат своја намена, но најдобро е да ги користите во текот на зимата. Потребата за овој „додаток“ се појавила најмногу во урбаните средини, кога работниците на патиштата ги посипуваат улиците со сол, што може да ја иритира кожата меѓу прстите, бидејќи се лепи за влакната, ја гризе кожата и на тој начин му создава проблем на вашето куче. Затоа е важно после секоја прошетка да ги избришете шепите на миленичето прво со влажна, а потоа со сува крпа, велат ветеринарите.

pixabay

Избор на облека

При изборот на облека, погрижете се да нема шевови, висечки патенти, куки, копчиња или какви било додатоци што може да го повредат или иритираат вашето домашно милениче. Исто така тие се опасни, бидејќи милениците можат да ги џвакаат или проголтаат некои елементи.

Мерењето е уште една ставка на која треба да обрнете внимание. Оделото треба добро да му стои на кучето, да ја следи линијата на телото, но да не  го стега и да не му пречи при движење. Најдобро е да го измерите миленичето од вратот до почетокот на опашката.

За дождливите денови и снег се препорачуваат кабаници или водоотпорни јакни, а за студени суви џемпери, или од памук или од волна.

Исто така, важно е да се обрне внимание на тоа како кучето се однесува кога ја носи облеката – ако се чеша, се обидува упорно да го соблече или посилно се трие, тоа значи дека не сте ја избрале вистинската.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 913

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: миленици облека студ чевли
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved