• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Необичната убавина на тиландсиите

by РиД 16/04/2023 0 Comment
 Необичната убавина на тиландсиите
фото: pexels

Воздушните растенија , кои се познати и по нивното ботаничко име Tillandsia, се најнеобичните растенија што можете да ги додадете во вашата колекција домашни растенија, а тие со своите кадрави, чудни облици и различни нијанси додаваат необична свежина во дизајнот на секоја соба.

Овие растенија се епифити – што значи дека растат на растение домаќин. Тие ги апсорбираат хранливите материи преку мали структури, слични на бигор, на површината на растенијата.

Воздушните растенија спаѓаат во две основни категории. Едните воздушни растенија живеат во дождовни шуми и генерално имаат темно зелени, кадрави лисја. Ним им треба многу влажност и сакаат силна светлина, но да не се изложени на директна сончева светлина.

Втората група воздушни растенија се  пустински. Имаат рамни листови со сребрена нијанса и необична текстура. Овие видови се полесни за одржување, ако прв пат се обидувате да одгледувате воздушно растение.

Во каков простор да ги чувате

За почеток, најважна е светлината. Воздушните растенија имаат потреба од јака, индиректна сончева светлина, така што најдобар избор е прозорец свртен кон исток, запад или југ. Прозорците свртени кон север не обезбедуваат доволно силна светлина, особено во зима.

Воздушните растенија можат одлично да напредуваат во затворени простории, доколку се под соодветни услови. На отворено, можете да ги поставите во зони без мраз – но, не на силно сонце. Тие обично добиваат доволно влага од воздухот или дождот кога се надвор, но повремено може да е потребно да се наводнат, особено ако климата е топла и сува.

фото:pexels

Како правилно да ги наводнувате

Како и сите домашни растенија, ако прекумерно ги наводнувате воздушните растенија, тие ќе се распаднат и изгнијат . Затоа обрнете внимание кој тип  колку често треба да се наводнува.

Пустинските воздушни растенија, потребно е само неколку пати да се потопат во вода, да се истресат, а потоа да се остават да се исушат неколку часа пред да се вратат во нивниот сад. Ова е доволно да го правите еднаш неделно.

Останатите воздушни растенија треба да се наводнуваат еднаш или двапати неделно, во зависност од тоа колку е сув воздухот. Ставете ги во мијалник или леген да киснат 30 минути, потоа истресете ги и оставете ги да се исушат наопаку за да дозволите вишокот вода целосно да се исцеди пред да ги вратите во нивниот сад.

фото: pexels

Во каков сад да ги чувате

Ова е забавниот дел! Најважно е да се запамети дека им е потребна добра циркулација на воздухот. Закачете ги, монтирајте ги на ѕид или користете стаклен глобус за да може да се видат од сите агли. Тие, исто така, изгледаат неверојатно само собрани во стаклена чинија, а  неверојатни се и во состав на  невестински букети и аранжмани. Сè останато е дел од вашата фантазија!

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 423

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: воздушни растенија тиландсија
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved