Најискрени одговори на прашањето – зошто жените изневеруваат?
Иако мажите ги бие глас дека се швалери, и на жените понекогаш им се случува да влезат во туѓ кревет. За да во иднина не бидете во заблуда и да знаете зошто тоа го прават, еве неколку од најчестите причини.
Незадоволство во креветот
Иако на мажите оваа причина им е на прво место, за жените не е. Сепак, тоа не значи дека не им е важно да бидат задоволни во креветот. Тие најчесто ќе се впуштат во афера ако почувствуваат дека партнерот не им посветува доволно внимание и дека се помалку сакани. Ако им недостигаат близина и поврзаност со партнерот, ќе ги побараат на страна.
Партнерот се запуштил
Ова е многу битна сатавка во која мажите најчесто грешат. Секој од нас понекогаш има лоши фази и не е секогаш во најдобро издание. Но, ако партнерот видно се запушти, на пример не одржува хигиена, на жената тоа нема да ѝ се допадне, напротив, тоа ќе ѝ биде неверојатно одбивно.
Барање совршенство
Голем број жени се впуштаат во неверство затоа што се склони кон идеализација на врската и секогаш бараат „нешто повеќе“, па постојано ловаг грешки кај партнерот. Незадоволството со партнерот обично извира од незадоволството со себе.
Пријателства кои се повеќе од тоа
Жените често не знаат да постават јасни граници на пријателство. Постои можност токму со пријателите кои им се при рака, кога ќе се скараат со партнерот, и тие им служат како рамо за плачење, малку по малку да завршат во кревет.
Недостиг на комуникација
За жената комуникацијата е важен дел од врската. Ако со партнерот може да разговара за важни работи и ако е свесна дека тој е заинтересиран, разбирање нема да бара на друго место.
Одмазда
Повредена и исплашена жена желна е за одмазда, па без размислување ќе го изневери партнерот. Во превод – ќе му врати со иста мерка.