Мал или голем дом, што е подобро?
Живеењето во голема куќа има многу предности како што се добро соседство, локација и удобност. Но, постојат луѓе кои размислуваат дека сепак во животот има повеќе отколку грижата за еден куп работи. Едноставно да се продолжи да се живее според мотото „искуства, а не работи“. Придобивките од помала куќа се бескрајни.
Не е тајна дека повеќето луѓе мразат бришење прашина. Така, идејата за помалку бришење прашина и користење на правосмукалка е возможна во помала куќа. А, особено и кога ќе се додадат 4-5 бањи за чистење, станот или помалата куќа со една или две спални соби полесно е да се исчисти. Се разбира, исто така има помалку одржување и работа во дворното место. Помал двор за косење и помалку плевел за корнење. Има и помалку соби што треба да се бојадисаат, помалку килими за перење и помалку ѕидови за украсување.
Кога имате помал дом, мора да внимавате колку работи акумулирате и што купувате. Помал дом има помал простор што ве одвраќа од големи пазарувања. Поголемото дефинитивно не е подобро. Ова е само еден од многуте начини на кои помал дом ќе ви заштеди пари. Пари што може да се потрошат заедно со луѓето што ги сакате некаде на плажа на две недели со семејството и пријателите. Помалку работи е еднакво на повеќе време- едноставна математика. Ако се чувствувате како да постои бескрајна листа на работи за вашиот дом, тогаш помалата куќа и малкуте работи веднаш ќе го променат тоа.
Помалата куќа носи значителни заштеди на трошоците со помалку електроника. Дополнително, поседувањето помалку уреди може да помогне да се намали времето поминато пред екранот. Големиот дом поттикнува бројни телевизори, компјутери, таблети и телефони каде секој гледа во својot сјаен екран. Но, мал дом природно бара од вас да ја намалите секоја категорија. Со помал простор на ѕидот, постои ограничување на тоа колку телевизори можат да висат на ѕидот. Голем дом значи дека членовите на семејството се повлекуваат во сите агли на куќата. Помалку време поминуваат заедно како семејство. Во мал дом семејството повеќе комуницира меѓу себе и работите во домот се заемни. Но, ако сакате време сами за себе и во малите куќи можете да се повлечете во друга просторија за да ги наполните батериите.
Нешто што секако ги радува возрасните тоа е заштедата на пари како најголема придобивка од помал дом. Не само помала исплата на хипотека туку и сите сметки за комунални услуги што доаѓаат со неа.
Сè на сè помалиот дом има бескрајни придобивки. Но, тоа исто така значи дека треба да се ограничи имотот и движењето околу него. А тоа значи да се ослободите од некои работи кои не се неопходни.