Лошата меморија во бременоста е оправдана
Секоја трудница доживеала искуство со лоша меморија и губење на нештата, а научниците велат дека станува збор за сосема нова појава во подоцните стадиуми на бременоста. Тоа е потврдено преку истражување кое покажало дека жените во последните шест месеци од бременоста и в првите три месеци по породувањето имаат проблеми со просторната меморија, односно често не можат да се сетат каде оставиле одредени работи.
Причините за тоа, според научниците, се хормоните кои влијаат на мозокот.
– Заборавањето и намаленото внимание се честа појава кај трудниците. Откривме дека зголемените колични на хормонот во тек на бременоста влијаат на мозокот, па се појавуваат заборавност и слаба концентрација- појаснува одговорната за истражувањето, Дајана Фарар, од Универзитетот Брадфорд од Велика Британија.
Хормоните најмногу влијаат на делот од мозокот кој е задолжен за просторно помнење кое им помага на луѓето да се присетат каде оставиле некои работи, но и о кој пат треба да одат за да стасаат до одредена цел. За среќа, тоа е краткотрајна појава која исчезнува три месеци по породувањето.