Кога вашата мајка ќе почине, знајте дека добивте свој ангел чувар
Денот кога ја изгубивте својата мајка е најлош и најтажен ден во животот. Кога таа ќе замине, сè ќе се смени засекогаш. Ќе почнете да чувствувате нешто за кое не сте ни знаеле дека постои. Ќе размислувате за нешто што никогаш порано не ви паѓало на памет. Ќе се изненадите со она што до тогаш не сте го ни забележувале.
Тоа ќе биде нешто целосно ново и ќе ви го скрши срцето.
Без разлика колку години имате, ќе чувствувате дека на оваа Земја недостига вашата мајка. Ќе сфатите колку ви била важна и мила. Колку сте ја сакале, како нејзиното присуство и љубов сте ги земале „здраво за готово“. И дури откако ќе ја изгубите саканата личност, буквално ве парализира една мисла: „Каде е сега, во кој свет живее?“
Таа е покрај вас. Иако се чини неверојатно, таа засекогаш останува ваш ангел чувар кој никогаш не ве напушта и заборава. Невозможно е да верувате во тоа, но можете да се заколнете дека и понатаму го чувствувате нејзиниот мирис, нејзиното присуство. Нема да можете да ја допрете, повикате, но таа секогаш ќе биде покрај вас. Понекогаш срцето само ќе викне „мама“, иако одамна ја нема.
Со денови, месеци и години ќе се прашувате дали знае колку сте ја сакале, колку ви недостига, колку ви значи. Вината ќе ве јаде секој ден што не ѝ кажувавте почесто колку ја сакате, што не поминувавте повеќе време со неа, што немавте повеќе време за вас две….
Минути ќе минуваат како денови, денови како години…времето ќе остане заробено во една неподнослива болка. Бидејќи токму тоа се случува кога од животот си оди најмилата личност на светот- мајката….
Ќе ви недостигаат нејзините повици, бојата на нејзиниот глас, насмевката, допирите…. А прашањата ќе навираат и ќе ве мачат со својата тежина:
„Дали ѝ недостигам?“
„Дали ми кажа сè што сакаше?“
„Дали зборувавме за сè штое важно и значајно?“
Времето не ги лечи тие рани, затоа што сеќавањето на мајката никогаш не избледува. Тогаш ќе сфатите дека вашата мајка е с о вас. Дека секогаш ќе ве сака. Секогаш ќе биде покрај вас, бидејќи вашите души се споени. Тој сојуз е посилен од смртта. Таа љубов е животот.