• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Изградете здрава врска со вашиот тинејџер

by РиД 14/05/2023 0 Comment
 Изградете здрава врска со вашиот тинејџер
фото:pixabay

Tинејџерските години се период на многу физички, ментални, емоционални и социјални промени. Хормоните се менуваат со започнувањето на пубертетот што придонесува за многу телесни промени кај момчињата и девојчињата. Но, ова исто така е период кога вашиот тинејџер може да се соочи со притисок од врсниците да користи алкохол, цигари и дрога и да има секс. Други предизвици може да бидат нарушувања во исхраната, депресија и семејни проблеми. На оваа возраст, тинејџерите прават повеќе сопствени избори за пријателите, спортот, учењето и училиштето. Тие стануваат понезависни, со сопствена личност и интереси, иако родителите сè уште се многу важни.

Емоционални и социјални промени

Во тинејџерската возраст младите почнуваат да покажуваат поголема грижа за своето тело, изгледот и облеката. Исто така тие покажуваат поголем интерес за врсниците и нивното мислење, додека кон родителите можат да почнат да покажуваат  помала наклонетост, дури и да реагираат непристојно. Често се случува да развијат проблеми со исхраната, да чувствуваат тага или да се развие депресија, која носи слаби оценки на училиште, посегнување по алкохол или дрога, небезбеден секс и друго.

Позитивни совети за успешно родителство

Во овој чувстивтелен период треба да сфатите дека вашето дете расте и треба да го смените пристапот кон него. Следниве совети може да ви помогнат како родител да му помогнете на вашето дете и да развиете здрава врска:

-Бидете искрени и директни со вашиот тинејџер кога зборувате за чувствителни теми како што се дрога, пиење, пушење и секс.

-Запознајте ги неговите пријатели.

-Покажете интерес за неговиот училишен живот.

-Помогнете му да направи здрави избори, истовремено охрабрувајќи го да донесува сопствени одлуки.

-Почитувајте го неговото мислење  и земете ги предвид неговите мисли и чувства. Важно е да знае дека го слушате.

-Охрабрете го вашиот тинејџер да биде физички активен. Тој може да се приклучи на тимски спорт или да се занимава со индивидуален спорт.

-Заедничките оброци се многу важни за семејството. Тие им помагаат на тинејџерите да направат добар избор на храната што ја јадат, а воедно овозможуваат членовите на семејството да поразговараат меѓусебно.

– Не ставајте телевизор во собата на вашиот тинејџер. Ограничете го времето поминато пред екранот, вклучувајќи мобилни телефони, компјутери, видео игри и други уреди.

-Погрижете се вашето дете да ја добива препорачаната количина на здрав сон секоја вечер: за тинејџери 13-18 години, 8-10 часа на дневно (вклучувајќи и дневни дремки).

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 942

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: родители семејство тинејџер
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved